Меѓу бројните модерни трендови на велнес културата и здравото живеење, во последно време е актуелно мислењето дека пченицата треба да се одбегнува. Сепак, оваа популарна житарка со милениуми наназад служи како основна суровина на човековата исхана, што, имајќи ги во предвид нејзините хранливи и корисни својства, апсолутно ја оправдува нејзината употреба. Ако е обработена на вистински начин, пченицата како најважна и најчесто користена житарка во светот секако не треба да изостанува од нашите трпези. Целите нејзини зрна се богати со исклучително корисни нутритиенти за нашето здравје и организам. Употребата на интегралната пченица во исхраната е корисна и ефикасно делува на целокупниот човеков систем. Консумацијата на варена пченица на редовно ниво може да делува превентивно кај одделни здравствени состојби, како што се опстипација, хемороиди и рак на дебелото црево.

Веројатно не постои растение кое е повеќе употребувано и попознато во целиот свет. Пченицата (лат. Тriticum) како што се смета, потекнува од југозападните делови на Азија и се верува дека била користена во исхраната пред дури дванаесет милениуми. Одамна е сметана за растение кое има важна религиозна улога во многу древни култури, токму поради хранливоста на која почивале поколенија стари, па и современи народи. Во грчката, римската, сумерската, па и во финската митологија постојат божества на пченицата. А, во некои делови од Кина таа и денес се смета за свето растение. Една третина од вкупната светска популација ја базира својата исхрана токму на употребата на пченицата и нејзинат аобработка на најразлични начини. Производите од пченица доминираат на светските пазари и во прехранбената индустрија, па затоа таа и понатаму се смета за една од најзначајните житарки на Земјината топка.

Лековитоста на пченицата

Интегралното, цело зрно на пченицата изобилува со витамини и минерали. Посебно се значајни витамините од Б комплекс, кои се исклучително значајни за исхраната на целокупниот човечки организам, силата и имунитетот.

Зрното од пченицата е богато и со бета-каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Во себе има најголем дел од протеини за разлика од сите други житарки. Во 100 грама неварена пченица има 351 калорија, 13 грама белковини, 2,5 грама масти и 70 грама јагленохидрати. Мастите се наоѓаат во никулците на пченицата, додека минералите се дел од лушпата на зрното. Поради тоа најдобриот и најкорисен начин за консумирање на пченицата е целото зрно.

За што се корисна варената пченица?

Сварената пченица е одличен извор на хранливи состојки, со посебен акцент на хранливи влакна и минерали. Таа ја обезбедува оптималната количина на корисни материи за човековиот организам и воопшто има бенефит за здравјето. Во една шолја варена пченица има 151 калорија, 8,19 грама хранливи влакна, 58 грама магнезиум, 11,1 грама манган, 0,09 грама триптофан.

Превенција на рак Варената пченица содржи лигнани, фитонутритиенти, кои имаат антиканцерогено дејство, а научните истражувања покажуваат дека ова посебно важи за канцерот на дојка. Една студија покажала дека консумирањето мала количина пченични трици дневно може да ја намали концентрацијата на жолчна киселина и бактериите во столицата, за кои се смета дека може да бидат поттикнувачи на карцином на дебелото црево.

Регулација на телесната тежина Употребата на пченица може да помогне во регулиањето и оддржувањето на телесната тежина, бидејќи ја спречува појавата на метаболички синдром на собирање на масти во пределот на стомакот, а во истовреме дава оптимална количина на добар холестерол, триглицериди и го оддржува крвниот притисок.

Лекување хронични воспаленија Варената пченица изобилува со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во ублажувањето на хроничните воспалителни процеси.

Природен лаксатив Пченицата, посебно триците, делуваат како природен лаксатив, бидејќи се богати со растителни влакна, фосфор и Б витамини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина