Состојки:

 

  • 200 гр. чадено тофу
  • смрзнат зеленчук (мешавина од тиквички, пиперки, мешунки, црни маслинки)
  • масло
  • сол, црн пипер, зачини
  • 800 мл. вода
  • 200 гр. палента
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажичка власец

 

Подготовка:

Чадениот тофу се сече на коцкички со големина од 2 см.

Зеленчукот се одмрзнува. На претходно загреано масло се пропржува тофуто неколку минути, додека да добие убава кафеава боја. Се додаваат зачините по желба. Зеленчукот се обарува на кратко и му се додава палентата и се меша околу 3 минути. Се зачинува со преостанатите наведени состојки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина