Премногу се чувствувате стресно, уморно и не сте ценети доволно? Нездравата работна средина може да биде виновна за сите овие симптоми.

Дали работната средина ви е ,,затруена,,?

Ако сте среќни на моментачната работна позиција, тогаш со сигурност работите во здрава работна средина. Но, ако сте постојано несреќни, тогаш работата може да има негативно влијание на вашата физичка и ментална состојба. Постојат неколку знаци кои го покажуваат сето ова.

Се фаќате себеси како ги имате постојано истите чувства

Повторена повреда е израз за повреда настаната од повторувачко движење, како што постојано кликање на глувчето од лош агол, што потоа доведува до напрегање на телото. Експертите препораќуваат компаниите да ги посетуваат стручњаци за ергономска работна средина, кои ќе им ги подеси правилното работните маси и столовите – нивната висина и местоположбата на компјутерите.

Стоите или седите со часови

Секоја продолжена положба лошо делува на телото. Ваша одговорност е да ја смените. Ако работите на биро, ризикувате да добиете седечка болест. Гледајте почесто да станувате и да ги истегнувате нозете, така што да може крвта да ви циркулира посотојано. На секој час правете куса прошетка. Ако пак долго време стоите, одморете се накусо, седнете или легнете.

Работното место ви има лош осветление

На сите нам ни е потребна сончева светлина за да ги подигнеме нивоата на Д витамин во организмот. Доколку работите во некој темен подрум, голема фабрика или во соба која нема прозорци, излезете на ручек или на кафе пауза и земете ја својата дневна доза на светлина.

По цел ден седите пред компјутер

Ова е факт на модерниот начин на живеење, но тоа не значи дека очите треба да ви страдаат. Употребете го правилото 20-20-20 – на секои 20 минути поминувајте по дваесет стапки, за 20 секунди. Тоа ќе помогне да се намали напрегањето на очите во текот н денот и ќе спречи нивна сувост.

Работите многу повеќе отколку што сте платени

Многу Канаѓани тврдат дека најголем стрес на работното место им е тоа што работат многу повеќе, а не се доволно патени за тоа. Тоа значи дека сте постојани приморани да работите прекувремено, без доволно време, опрема или финансиска поддршка за соодветно извршување на работата.

Никогаш не земате слободен ден, дури ни кога сте болни

Земете си одмор! Ако навистиа верувате дека не мижете да си дозволите да земете слободен ден за да си го повратте здравјето, тогаш или сте луди или нешто многу важно се случува во твојата компанија- како на пример компанијата нема однапред смислени планови за задачите за кои сте одговорни, па кога ќе се вратите или ќе ве натрупаат со работа или ќе ви дададт отказ поради земањето слободен ден затоа што не можат да им ваеруваат на вработените.

Променети сте

Ако продуктивноста ви опаѓа, концентрацијата ви се губи или навиките за јадење и спиење ви се променти, тогаш работата може да ви делува негативно на физичкото или менталното зравје. Некој може да има историја на главоболки, па да работи секојдневно со главоболка, и тоа е едноставно она што тој е навистина. Но, тоа не значи дека тие не се во безбедна работна околина. Но, доколку некој, кој воошто немал порано главоболки, почне да има главоболки секој ден во одредено време, можено е тоа да е знак за стрес. Важно е да го слушаме сопственото тело и да гледаме на време да ги забележиме овие знаци.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина