Отечени стапала – кога е време за паника?
Отечените стапала го отежнуваат одењето, што може да доведе до бројни здравствени повреди. Понекогаш стапалата можат да отечат од непознати причини, но воглавно за тоа постојат здравствени предуслови.
Едем
Едем е задржување на вишокот течности во ткивото и тоа може да доведе до отеченост на нозете, рацете и на лицето. Оваа појава обично се јавува по подолго стоење или по летање со авион, а може да се појави и за време на ПМС. Обично само од себе се губи, но може да биде и знак за некој здравствен проблем како што е затајување на срцето, болести на бубрезите или на црниот дроб.
Повреди
Ако ја шинете ногата или се сопнете, отокот може да биде знак на истегнување или скрпеница на коската. Отокот проследен со подливи, чувствителност или болки е индикатор за посета на доктор.
Бременост
Во бременоста е нормално телото да го задржува вишокот на течност во телото. Обично состојбата се влошува на крај од денот или по долго стоење. Тоа не претставува проблем за мајката или бебето, но може да биде многу непријатно.
Прееклампсија
Ако отеченоста е проследена со главоболка, мачнини, проблемисо дишењето или болки во стомакот, тоа може да биде знак за прееклампсија. Таа се јавува обично околу 20-та недела од бременоста и е поврзана со висок крвен притисок. Доколку не се третира оваа состојба, тоа може да ги оштети бубрезите и црниот дроб.
Хронична венска инсуфициенција
Артериите ја доведуваат крвта од срцето до останатите делови од телото. Кога е оневозможен транспортот на крвта од нозете до остатокот од телото, се појавува оваа хронична болест на вените. Со годините, вените можат да се оштетат, а не им годи ниту долго седење или стоење. Неможноста за повраток на крвта во срцето може да предизвика отекување на нозете и стапалата.
Застој на срцето
До застој на срцето доаѓа кога срцето не пумпа крвта како што би требало, па можат да се појават отоци. Доаѓа и до непријатно чувство додека лежите во рамна положба, бидејќи обично се јавува неправилен и брз ритам на чукање на срцето, проследен со плитко дишење.
Болест на бубрезите
Бубрезите ги филтрираат отпадот и токсините од крвта. Ако не работат правилно, поради состојби како дијабетес или висок крвен притисок, во крвта останува премногу сол (натриум). Тоа предизвикува задржување на течности, а гравитацијата си го прави своето, па обично отекуваат нозете и глуждовите.
Болести на црниот дроб
Ако имате хепатитис, или претерано консумирате алкогол, црниот дроб мора константно да се обновува. Тоа може да предизвика лузни на ткивото, што штети на работењето на црниот дроб и во тој случај доаѓа до таложење течности во делот на стомакот, нозете и стапалата.
Што да се преземе?
Ако состојбата не е алармантна и не бара интервенција од доктор, следете ги овие неколку совети кои можат да ги ублажат отоците:
Одмор и ладење
Во случај на отоци, потребно е одморање, да се олади тој дел со помош на мраз и нозете да се постават малку повисоко. Мразот ги стеснува крвните садови, што го ограничува протокот на крв и помага при болка.
Движете се
Ако кратко се шетате на секој час, течностите не би требало да се задржуваат во телото. Препорачливо е дури и при седење да ги движите колената почесто.
Лекови
Некои лекови предизвикуваат отекување на нозете. Тоа се обично оние за лекување висок крвен притисок, дијабетес и воспаленија. Од друга страба, постојат лекови, диуретици, кои можат да ги ублажат отоците. Диуретиците помагаат да се исфрли вишокот на течности преку почесто мокрење. Пред земањето на какви било лекови, потребна е консултација со доктор.
Магнезиум
Ако додадете 200 мг. до 400 мг. магнезиум во дневната исхрана, телото полесно ќе се ослободува од вишокот течнисти. Консумирајте зобени снегулки, банани, бадеми, брокула и репка.