Колку навистина се спасоносни сите детокс диети и третмани со кои не бомбардираат од сите страни? Факт е дека нашето тело е константно изложено на стрес и разни токсични материи од кои постојано се чуваме, но не можеме да ги одбегнеме. Тоа се разни додатоци во исхраната (емулгатори, синтетички бои, конзерванси), пестициди, издувни гасови, чад од цигари…

 

Подолгото изложување на овие факори, покрај стресот, под кој сме секојдневно, го доведува организмот во исцрпена состојба, лошо спиење, болки насекаде…

 

Во недостиг на време, се фаќаме за сламка и прифаќаме разни диети, без да прашуваме колку е тоа ефикасно, колку чини и какви се последици носи Во последно време, се повеќе се оглсуваат стручњаците по медицина и нутриционизам, кои предупредуваат на овие краткотрајни и ,,чудесни,, диети, кои, според нив, не само што не се ефикасни, туку можат да бидат и многу штетни. Најголем проблем кај овие третмани е тоа што делуваат исклучиво на последицата, а не на причината на проблемот.

 

 

За регенерација на организмот е потребна една година

 

Нашиот организам не функционира на таков начин што едноставно само со чаеви, сокови и разни препарати можат да се исфрлат сите токсини за неколу дена, а кои се таложеле во текот на целата година. Со ваквите постапки само ги чистиме цревата, а не добиваме буквално ништо.

 

Целосната регенерација на организмот би требало да трае најмалку една година, за да можеме да го доведеме своето тело во ред. Брзите и ,,ефикасни,, диети се мнгу напорни за организмот, иако крајната цел им е ревитализација.

 

Штетните последици од овие третмани можат да бидат дури и ошттеување на бубрезите, кардиоваскуларни прречки, па дури и оштетувања на мозокот.

 

Заклучокот од сето погоре кажано е дека не постои брз и едноставен начин за форма. Хранете се здраво, проенете ги лошите животни навики, посветете се на себе вотекот на целата година и не го оставајте средувањето на телото и духот за ,,последен час,,. Сепак како што се вели, ,,Нашето тело е наш храм,,.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина