Чоколадна диета – ослабнете и спасете се од брчките со слатко
Ова е хит диета популарна ширум светот. Креирана е од британскиот автор на натписи за диети и издавач Сели Ен Вок, кој дава јасен план на диетата, кој ви овозможува да останете витки и додека го јадете ова мало животно задоволства. Планот е да се употреби вашата зависност од чоколадата (доколку ја имате) и да се инкорпорира назад во редовното мени. Мислите дека тоа е невозможно? Оваа чоколадна диета ќе ве разубеди во тоа!
Седмодневното мени за оваа диета вклучува 3 главни оброци: појадок, ручек и вечера, плус еден десерт и една вкусна ужина секој ден. Во текот на денот треба да се пијат најмалку по 8 чаши течности: вода, чај или кафе со обезмастено млеко. Алкохолот е строго забранет. Исто така, се препорачуваат по 30 минути прошетка секој ден. Доколку се придржувате, чоколадната диета може да ви помогне да загубите и до 7 килограми за еден месец!
ДЕН 1
Појадок: 30 гр. чоколадни снегулки со обезмастено млеко, 1 овошје по избор
Ручек: Интегрален леб со лажичка немасен мајонез, 1/2 авокадо, 2 прстофати пињоли, мешана салата по избор
Вечера: 150 гр. тофу сирење, боранија, зелка, 1 главица лук, црн пипер и печурки, динстани на малку маслиново масло со додаток на вода по потреба. Зачинете ги со соја сос по вкус. Сервирајте ги со 50 гр. интегрални тестенини
ДЕН 2
Појадок:1 варено јајце, 2 кришки интегрален тост
Ручек: бистра супа (не крем супа), 2 кришки интегрален тост намачкан со тенок слој еурокрем или нутела
Вечера: Туна со мешана салата, подготвена од 1 конзерва грав, домати, зелена салата и лук
ДЕН 3
Појадок:1 кесичка чоколадна овесна каша со обезмастено млеко и 1 јаболко
Ручек: 25 гр. младо сирење и 4 тенки парчиња шунка, се мешаат со сецкан домат, краставица, целер, зелена салата и зачини по вкус, 1 чоколадна банана
Вечера: 4 кришки печено пилешко, 2 компири со средна големина, неограничена количина зеленчук (сиров, готвен на пареа или пржен) и 1 круша
ДЕН 4
Појадок: овошна салата од 3 разновидни овошја (по желба), 1 чаша јогурт или кефир со ниска масленост
Ручек: интегрална кифла со виршла, главица лук (сецкана и пропржена на малку маслиново масло), чери домати, зелена салата и кечап
Вечера: оброк под 350 калории, 1 ребро црна чоколада
ДЕН 5
Појадок: 2 кришки интгрален тост, намачкан со тенок слој еурокрем или нутела
Ручек: Омлет од 2 јајца, 20 гр. сирење со ниска масленост и грст спанаќ издинстан на многу мала количина маслиново масло. Послужете со зелена салата. 1 мало чоколатце
Вечера: пилешко бело бесо со неколку лажици пире од компир, 1 јаболко, боранија, 1 лажичка чоколаден крем
ДЕН 6
Појадок: крофна со чоколада
Ручек: 1 печен компир и порција зелена салата
Вечера: бакалар со 2 компира со средна големина, зелка, салата
ДЕН 7
Појадок: направате милк шејк од 1 банана и 200 мл. обезмасено млеко, 1 јаболко
Ручек: сендвич до 350 калории, 1 мало чоколатце
Вечера: измешајте 1 конзерва со грав со 1 конзерва домати, 1 главица сецкан лук и пола тиквичка. Додајте малку црв пипер и сол, 2 лажици варена пченка и варете додека не омекне. Послужете со 1/2 чаши варен интегрален ориз