Оризот зготвен со азуки грав е познат под името “црвен ориз”

Состојки:
  • ¾ филџани азуки грав
  • 2 филџани вода
  • 3 филџани интегрален ориз
  •  морска сол по желба
Подготовка:

Измијте го азуки гравот и варете го во околу 2 филџани вода 10 до 15 минута. Течноста мора да стане светло црвена. Внимателно внимавајте на гравот додека се вари, бидејќи ќе се загуби бојата ако се вари предолго. После варењето оставете ги гравот и течноста да се оладат додека не станат млаки. Измијте го оризот и ставете го во експрес – лонец. Додајте му го азуки гравот заедно со водата во која се варел и плус додајте дополнителна количина вода за вкупно да бидат 5 филџани. Немојте уште да посолувате. Нека се вари под притисок 15 – 20 минути на тивок оган. Поклопете го лонецот и кога ќе се развие притисок, намалете го огнот. Варете педесеттина минути.Отклопете кога пареата во целост ќе излезе. Нека отстои уште пет минути за да омекне оризот на дното од лонецот. Преместете во дрвен сад и послужете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина