Кендрик Ферис од САД е единствен преставник на својата земја на Олимписките игри во Рио во кревање тегови, а јавноста е фасцинирана од ова момче од една сосема друга причина.

Иако сосема необично звучи податокот дека земјата со околу 320 милиони жители има само еден преставник во кревањето тегови, следниов факт е уште поинтересен  Кендрик Ферис е веган. Значи, човекот кој крева стотици килограми и на кого храната е од есенцијално значење за успех, не внесува во себе протеини од животинско потекло. Но, исфрлањето на месото од исхраната не го ослабнала. На претходните два натпревари на Панамерикански игри освоил два златни медали, подигајќи повеќе од 360 килограми. Се започнало пред две години, кога дознал дека води потекло од Израел. Тоа подразбирало дека мора да консумира кошер храна. Во целост го елиминирал месото од почит кон животните.

Не верувам на начинот на кој храната се обработува и не се согласувам со начинот на кој животните масовно се убиваат. Тоа е една од причината поради која станав веган – објаснил Ферис.

Неговата 32-годишна сопруга Катрина не верувала дека Кендрик ќе успее во својата намера.

Обожување бургери и други видови месо. Не верував дека ќе биде толку решителен. Сега, две години подоцна, мислам дека се промени на подобро – вели таа.

Фарис не се сомнева ни малку во ова.

Мојот ум е прочистен и не се нервирам толку лесно како порано. И ставот ми е поинаков. Умеев да бидам напорен кога бев нервозен и со овој проблем се борев со години. Сега сум во состојба да препознаам различни емоционални состојби и да ги стабилизирам ако е потребно – објаснува дигачот на тегови.

Ферис за појадок јаде житарки или палачинки. Пред ручек пие протеински шејк на растителна основа, а за ручек кесадиљи со авокадо. По тренинг следува нов оброк. Обично тоа е гвакамоле или црн грав. За вечера повторно јаде црн грав.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина