Ако имате некои од овие симптоми време е да ја испитате тироидната жлезда
Ако не можете да се наспиете, а освен тоа што внимавате на исхраната, добивате на тежина, можеби вашата тироидна жлезда не функционира како што треба….
Доколку кај себе препознавте симптоми на замор, ненадејно губење или добивање на телесна тежина, не треба веднаш да бидете во паника, можно е да се работи на пример за пролетен замор. Сепак, би било добро да ја проверите функцијата на тироидната жлезда, со цел да се елиминираат овие нарушувања како можна причина. Хормоните ги лачи тироидната, односно штитната жлезда регулираат многу процеси во телото, како што се на пример телесната температура, метаболизмот, работата на срцето и функционирањето на нервниот систем.
Овие хормони, исто така, влијаат на изгледот и квалитетот на кожата и косата. Сето ова на малата жлезда која се наоѓа на предната страна на вратот, помеѓу грлото и клучната коска, и дава голема улога во функционирањето на нашиот организам и затоа таа треба да се проверува редовно.
Направете анализа на крвта
Со цел органите чии функции се нарушени заради лошото функционирање на тироидната жлезда да се заштитат од трајни оштетувања, потребно е да гон посетите вашиот лекар на време, со цел да се утврди точната дијагноза.
Функцијата на тироидната жлезда се испитува преку нивото на хормони кои оваа жлезда ги излачува во крвта, и тоа преку испитување на крвта. За да се воспостави дефинитивна дијагноза често е неопходен и ултразвучен преглед кој може да покаже дали постои промена во големината на жлездата, или во неа евентуално има формирани грутки.
Симптоми на нарушување на работата на тироидната жлезда
Најчеста причина за намалена функција на тироидната жлезда кај возрасните е хронично автоимуно воспаление на тироидната жлезда. Механизмот на настанување на ова нарушување е комплексен и не е сосем и до крај испитан, но познато е дека наследните фактори и стресот играат значајна улога. Понекогаш оваа болест може во почетокот да се манифестира со зголемена функција на жлездата која се одликува со забрзан метаболизам : губење на тежината и покрај зголемениот апетит, немир, нервоза, потење, неподнесување на топлина, забрзано чукање на срцето, треперење, опаѓање на косата. Сепак, значително почесто се манифестира намалената функција на штитната жлезда, која се манифестира со чувство на замор, поспаност, заборавеност. И покрај намалениот апетит, доаѓа до зголемување на телесната тежина, се јавува запек, потоа рапав и погруб глас, коса и нокти, а кожата е студена, сува и бледа, велат докторите .
Со оглед на тоа што ова нарушување почесто се јавува кај жените, тие би требало да бидат многу внимателни и почесто да одат на контроли. Ова е особено важно за жените кои планираат бременост, поради фактот што хипотиреозата може негативно да влијае на менструалниот циклус , плодноста и здравјето на бебето, бидејќи тироидните хормони на мајката се неопходни за правилен раст и развој на плодот. И жените во менопауза би требало да обрнат внимание бидејќи понекогаш симптомите кои настануваат во овој период може да го замаскираат всушност нарушувањето на работата на тироидната жлезда.
Освен ова, постојат и бројни други нарушувања кои водат до намалување на функцијата на тироидната жлезда, но се многу поретки. Недостатокот на јод во исхраната е сигурно една од нив, но сепак ова денес многу ретко се јавува, особено во урбаните средини, поради задолжителното јодирање на кујнската сол која секојдневно ја користиме во нашата исхрана. Со внесувањето на јод треба да бидеме многу внимателни бидејќи премногу јод може да доведе до значителни нарушувања на функцијата на оваа жлезда, особено кај луѓето со наследни предиспозиции.




