Паркур

 
fitnes1

 

Паркур е дисциплина која се развила од одреден тренинг на француската војска, кој подразбира курс на заобиколување пречки. Оваа дисциплина подразбира трчање, скокање, качување, вртење и ползење и секаков вид движења кои се потребни за да стигнете од една точка до друга низ комплексно опкружување и бројни веќе постоечки пречки, без дополнителна опрема и на најбрз и најефикасен начин. Ваквиот вид вежбање ќе ви помогне да зајакнете, да ја зголемите подвижноста и свесност за просторот околу себе, бидејќи ќе треба да ги минете сите пречки во надворешниот свет, како што се згради, огради, ѕидови…

Хајдроспининг

 

fitnes2

Часовите по Хајдроспининг изгледаат така што статични велосипеди се ставени во базен, а вие ги вртите. Од една страна, благодарение на водата, не ја чувствувате тежината на сопствената маса и нема подесување на брзината/оптоварувањето на самата справа. Од друга страна, за сето време додека возите, морате да се борите со отпорот на водата на нозете и телото, а тоа е она што ја прави оваа дисциплина тешка. За време на возењето возите и стоечки и седеечки.

Воздушна јога

 
fitnes3

 

Со овој вид на јога ќе се чувствувате како да се наоѓате во бестежинска состојба. Оваа дисциплина е настаната од неодамна во Њујорк, а веќе ја практикуваат низ целиот свет. Телото се поставува во класична јога поза, а сето тоа го правите додека стоите потпрени на голема платнена лента којашто виси од таванот. Не треба да се грижите дали ќе паднете, бидејќи таа е обезбедена со синџири и алки за него и може да држи и до 300 килограми. Со оваа вежба ви се јакне телото, свеста за него ви станува поголема, ви се смирува мозокот и максимално ви се фокусира на вежбата додека лежите, седите или стоите исправени или додека висите од оваа ,,нишалка,,.

Фитнес шипка

 

fitnes4

Ова е хибрид настанат со комбинација на пилатесот, балетот и тренингот на силата. Подразбира вежби кои како реквизити користат хоризонтална, балетска шипка. Како и кај сите балетски шипки, така и овој вид на фитнес се фокусира на држењето, обликувањето на долниот дел на телото и зголемувањето на флексибилноста на мускулите. Овој елемент на танцот бара голема дисциплина, а помага и во развивање на самосвесност при експресија на сопственото тело.

 

Танц на шипка

 
За разлика од претходната дисциплина, која користи хоризонтална шипка, овде се користи вертикална. Овој вид на рекреација на телото, за жал, има многу лоша репутација, иако се работи за многу напорен и сериозен тренинг. Потекнува од древниот индиски спорт Малакамба, која подразбира изведување гимнастички движења на исправена шипка. Тежината на танцот на шипка е во тоа што целото тело во секој миг е вклучено во секоја вежба и нема одморање на мускулите. Покрај голема сила, се стекнува и флексибилност, грациозност и флуидност на движењата.

Кенгурско скокање

 

fitnes6

Кенгурското скокање го има осмислено канадскиот доктор Грегори Лектам, кој имал за цел да им даде на луѓето со пострауматски оштетувања некаков вид спорт и рекреација. Овој вид рекреација се препорачува на оние кои имале повреда на стапалата или колената, но и на оние кои имаат боли во грбот. Специјалната облека која се носи при вежбањето ги штити зглобовите, бидејќи ги ослободува од траумите кои се добиваат со скокањата односно при ударот на телото на подот. Со оваа програма на вежбање се согоруваат 80% повеќе калории отколку со било која друга рекреација кога станува збор за интензивна кардио програма на која се изведуваат вежби за јакнење и обликување на целото тело. Се вежба со гласна музика, така што моментално се подига адреналинот и се подобрува расположението.

Фитнес на трапез

 

fitnes7

 

Фитнесот на трапез е дисциплина која буквално ја имитира активноста на еден артист на трапез, кој може да се види во циркус. Се наоѓате високо над земјата, се нишате од една до друга нишалка, а притоа изведувате акробатски движења во воздухот. Иако звучи многу екстремно, се е многу безбедно, бидејќи сте опкружени со безбедносни мрежи на сите страни, додека на половината имате безбедносен појас којшто е прицврстен за таванот. Оваа дисциплина ги јакне зглобовите и мускулите кои го држат рбетот, посебно горниот дел од телото.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина