Во старогрчкиот јазик името на ловоровиот лист е дафни, според митот за нимфата Дафне, која се претворила во ловорово дрво за да ги одбегне додворувањата од Аполон. Аполон потоа ловоровото дрво го направил свето и носел на главата гранчиња од него како спомен на невозвратената љубов.

Денес, ловоровиот лист им е на сите познат, а на многумина им е и омилен зачин, кој од дамнина има почесно место во нашите кујни. Но, малкумина знаат дека листовите на ова зимзелено медитеранско дрво можат да се користат не само за подготовка на јадења. Имено, од овие листови може да се прави лековито масло, кое поседува чудесни особини.

Силното аналгетско и протовоспалително дејство кое го поседува го прави етеричното масло од ловор речиси незаменлива состојка во терапијата при силни болки, како и кај потешко облици на габични заболувања (како на пример габични инфекции на ноктите). Ловоровиот лист е едно од најефикасните масла за јакнење и превентиваго чисти лимфниот систем, има експетораторни и муколитични својства, па поради тоа се препорачува и за проширени вени.

Останатите лековити својства на ловоровото масло:

намалува болки
го слирува нервниот систем
го зголемува потењето
внимава на целокупниот тонус на оранизмот
ја стимулира менталната активност

Подготовка на ловоровото масло при лекување на проширени вени и заболувања на зглобовите:

Се ситнат 30 гр. ловоров лист и се прелеваат со 250 мл. сончогледово или маслиново масло. Се ставаат во стаклен сад, кој добро се затвора и се остава да отстои две недели на темно место. Одвреме – навреме добро се протресува садот. По две недели, се процедува низ газа во друг сад и се остава да стои на студено место

Начин на употреба

По потреба, се зема малку и се загрева на водена пареа. Потоа со него темелно се тријат болните зглобови или вени. Освен за нив, се користи и при воспаление на лимфни јазли, мигрена и ушни болести. Помага и при намалување на телесната температура, за отстранување на болки во желудникот или цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и бубрезите и го подобрува апетиот. За нормално функционирање на жолчката, доволно е пред спиење да се напиете една чаша јогурт, во која ќе ставите неколку капки ловорово масло.

Ловоровото масло е одлична превентивна мерка, која ќе ја зголеми отпорноста на organizmot kon инфекции, односно ќе ви го подигне имунитетот.

 

Други индикации за користење на ловоровото масло

Проширени и болни вени

Според некои литератури, етеричното масло од ловор се препорачува за лекување варикозни вени и слични состојби, така што 1 мл. ловор се меша со 30 мл. растително масло и масло од плодот на дива роза.

Сепак, најдобро е да се користи само како додаток на стандардната мешавина за проширени вени, со задолжително присуство на етерично масло од чемпрес.

Мешавината од ловоров лист и сладок портокал во вообичаениот шампон за коса ќе го стимулира коренот и ќе го поттикне нејзиниот раст. Се препорачува следново дозирање: на 250 мл. шампон се додаваат 80 капки етерично масло од слсдок портокал и 20 капки етерично масло од ловоров лист. Косата уште подобро ќе се нахрани и ќе биде поздрава доколку мешавината од етерични масла претходно се стави во 3 5 мл. растително масло.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина