debeleenje_1

Ако вашата вага не го отсликува вашиот животен стил, можеби постои некоја скриена причина која стои позади тоа. Иако со правилен начин на исхрана и физичките активности можеме доста да влијаеме на тоа како изгледаме, некои работи сепак не зависат од нас. Прочитајте за тоа кои од седумте здравствени проблеми можат да застанат на патот помеѓу вас и посакуваната линија.

1. Депресија

Многу антидепресиви можат да го поттикнат дебелеењето. Доколку се борите со депресија и земате лекови за тоа, очекувајте неколку килограми вишок. Но, дури и ако не земате лекови, многу студии ја покажале поврзаноста помеѓу депресијата и дебелината. Причината за тоа лежи во фактот што тажните луѓе почесто јадат слатка и масна храна и го пронаоѓаат задоволството во неа (храна за утеха).

Решение – Ако земате лекови, посоветувајте се со лекар. Тој можеби ќе ви препорача некоја друга терапија, која нема да влијае на вашата килажа. Од друга страна, доколку лековите не се причина потрудете се да се приклучите на некоја од групите за вежбање. Не само што со вежбањето ќе ги согорите калориите, туку и окружувањето со луѓе ќе ви помогне против депресијата.

2. Погрешни лекови

Многу лекови, покрај оние за депресија, можат да влијаат на килажата. На врвот на листата се наоѓаат хормоналните лекоци, па потоа земањето на анти-беби пилулите, затоа особено внимавајте со овие лекови. Од друга страна, стеродидите, бета-блокаторите и лековите кои ги пијат жените кои боледуваат од рак на дојката исто така имаат влијание на тоа.

Решение- Обратете се кај лекар. Штом забележите дека без никаква причина почнувате да се дебелеете, а истовремено сте сигурни дека за тоа не е виновна вашата исхрана, кажете му го тоа на вашиот доктор. Тој ќе може да ви препорача некои лекови кои немаат ваков ефект.

3.Слабо варење на храната

Проблемите со дигестивниот тракт, а особено мрзливите црева можат значително да влијаат на килограмите. Идеално би било доколку еден час по оброкот имате столица, но еднаш или два пати дневно е сосема во ред. Доколку вашите црева не работат така добро, за тоа можете да ја обвините дехидратацијатам лековите, недостатокот на влакна или дури и недостатокот на добра флора во цревата,

Решение- Ако запекот е вашиот единствен проблем, тогаш пробиотиците можат да ви помогнат. Потрудете се да одржувате оптимална хидратираност на организмот, а консумирајте многу влакна и зеленчук. Можете дури и да се потрудите да пиете некои од шејковите со влакна кои можат да се набават во аптеките.

debeleenje_2

4. Имате недостиг од хранливи материи

Недостатокот на витамин Д, магнезиум или железо може да го загрози вашиот имунолошки систем, метаболизам и да го намали нивото на вашата енергија. Недостатокот на енергија можете да се потрудите да го надокнадите со кафе, слатки и прости шеќери. Од друга страна, ако немате енергија, тогаш сигурно трчањето или вежбањето не ви звучат примамливо.

Решение- Внесот на железо можете да го зголемите така што ќе почнете да консумирате повеќе месо и спанаќ, а магнезиумот надокнадете го со консумација на бразилски оревчиња и бадеми. Меѓутоа, витаминот Д скоро е невозможно да го надокнадите, па ви се неопходни суплементи. Меѓутоа, со витаминот Д треба да бидете внимателни – преголема доза може да доведе до камења во бубрегот. Во секој случај, прво посоветувајте се со доктор.

5. Имате болки во коските

Многу заболувања кои се манифестираат со болки во коските и зглобовите докажано доведуваат до тоа да ја зголемиме нашата килажа. Сосема логично, кога ве болат зглобовите, не ви е до ништо, а камоли до вежбање.

Решение- Прилагодете го својот режим на вежбање. Постојат многу вежби кои се прилагодени токму за оние кои имаат проблеми со болки во коските и зглобовите. На крајот на краиштата, секогаш можете да му се обратите на физикалниот терапевт за помош.

6. Кушингов синдром

Добивањето на килограми во комбинација со високиот крвен притисок, остеопороза и промените на кожата (особено стриите на абдоменот) можат да укажат на тоа дека вашето тело не ги искористува хранливите материи на правилен начин. А причина за тоа може да биде проблем со надбубрежната жлезда, како што е на пример Кушинговиот синдром.

Решение- ако навистина се сомневате делка ова може да биде проблемот кај вас, обратете се кај лекар. Неколку тестови ќе бидат доволни за вашиот да заклучи во што е проблемот и дали воопшто го има.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.