crn drob_naslovna

Црниот дроб е најголемиот орган во телото, веднаш после кожата, и игра многу важна улога на „филтер“ во човечкиот организам. Се што ќе внесеме во своето тело, црниот дроб го прочистува, па затоа и не е за зачудување фактот што поради се поголемата популарност на брзата храна, но и алкохолот, многу луѓе имаат проблем со овој „чистач“ Доколку сакате да го подобрите функционирањето на вашиот црн дроб, тоа можете да го сторите со помош на овие 6 едноставни совети.

Пијте многу вода со лимон

Во текот на денот, би требало да испиете 8-10 чаши чиста, филтрирана вода. Тоа е единствениот начин на кој вашиот црн дроб може да ги исфрли сите токсини од телото. За дополнително подобрување на работата на црниот дроб, секој ден започнете го со чаша вода со свеж сок од еден до еден и пол лимон. Лимонот ќе му помогне на вашиот црн дроб да ја зголеми моќта на детоксикацијата. Цитрусната киселина од лимонот ќе го поттикне црниот дроб да произведе жолчен сок, а тоа е еден од начините да ги исфрлите лошите материи од телото.

Направете си масажа

Додека лежите на грб, можете да си направите лесна масажа во пределот околу црниот дроб. Лесно масирајте го пределот кај десното долно ребро. Ова ќе ја поттикне циркулацијата во овој дел, што може само да му користи на вашиот црн дроб.

Консумирајте многу зеленчук

Трудете се да консумирате храна која е добра за регенерацијата на црниот дроб, а тука спаѓаат голем број намирници кои можете да ги пронајдете на зелениот пазар. Сиот зеленот лисен зеленчук, репка, морков, зелка, кељ и брокула би требало секојдневно да се наоѓаат на вашето мени. Овие намирници им се препорачуваат на луѓето кои сакаат да направат детоксикација на црниот дроб, и најдобро е да јадат една до две порции дневно. Посебно се добри брокулите, како и лукот и кромидот, бидејќи содржат многу сулфур, кој е неопходен за подобрување на работата на црниот дроб. За детокикацијата да оди лесно, потребно е организмот да има доволно хранливи материи, па не е лоша идеа да земате и некои витамински суплементи.

Не го оптоварувајте премногу црниот дроб

Вашиот црн дроб работи напорно за да се ослободи од сите токсини кои ги внесувате, па така навистина не и е потребна дополнителна работа во вид на алкохол и силни аналгетици. Генерално, редовното земање на лекови против болки е главна причина за болестите кои се предизвикани од лековите.

Земајте суплементи за црниот дроб

Секако, земајте потполно природни суплементи. Чичакот, глуварчето и куркумата се одлични за заштита и чистење на црниот дроб. Чичакот ја содржи состојката силмарин, која е одлична за црниот дроб и би требало да внесувате околу 400 милилитри напиток од оваа билка дневно. Исто толку ви е потребно и чај од глуварче, а 45 милиграми куркума ќе направат чуда за вашиот „телесен филтер“

Внесувајте доволно минерали

Минералите се неопходни за црниот дроб да може да си ја извршува својата функција, па затоа треба да јадете храна која е богата со магнезиум, калциум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, селен, манган и други минерали. Ако не сте сигурни дека ги внесувате во доволни количини преку исхраната, секогаш можете да земете некои квалитетни суплементи.