tajni_1

Моќта на љубовта и потполната доверба се огледуваат во тоа да можете да му кажете на вашиот партнер апсолутно се, без да се стегате. Но, кога станува збор за некои лични работи или искуства, постои и она што треба да го премолчите, бидејќи едноставно нема потреба тоа да му го кажете на вашиот партнер.

Со тоа нема да ја нарушите хармонијата на вашата врска, туку само ќе спречите беспотребно да го повредите партнерот и ќе избегнете бесмислени караници.

Прочитајте и сфатете зошто е подобро овие 11 тајни сепак да ги зачувате за себе.

1)Неговиот најдобар другар е навистина многу привлечен

Тоа е можеби очигледно и за тоа е свесен и вашиот партнер, меѓутоа тој не сака вие тоа постојано да го повторувате и да не можете да ги одделите очите од пријателот при заедничкото излегување.

2) Ја пребарувавте неговата поранешна љубов на Фејсбук

Веројатно тоа и го претпоставува, но и самиот тој го направил истото. Само нема потреба за тоа да се разговара.

3) Најдобриот секс во животот

Доколку тоа не било со сегашниот партнер- подобро премолчете. Особено машкото его ова нема лесно да го свари.

4) Шансата за врска со некој друг која сте ја пропуштиле

Уште во средно училиште избегнувавте некој досаден и непривлечен другар кој беше лудо заљубен во вас, а сега изгледа како холивудка звезда? Жал ви е што не му дадовте шанса и се прашувате како би изгледала врската со него? Запрашајте се, но себеси!

 

tajni_naslovna

 

5) Неговиот пенис не е најголемиот што сте го виделе

Ова мажот не сака никогаш да го слушне. Оставете го во незнаење и нека помисли дека тој е најнадарениот кој го познавате!

6) Ја мразите неговата омилена маица

Секое момче има некое парче гардероба кое го носи со години и од некоја причина не сака да го фрли. Пуштете го нека ужива во она што го сака, не мора се да биде по ваше, тоа и не е некоја жртва.

7) Не го поднесувате неговиот најдобар другар

Доколку немате некоја очигледна и непобитна причина и доказ, ова не може да излезе на добро.

8) Не ги поднесувате неговите родители

Ова не смеете да го кажете никогаш, освен во случај и самиот тој да не ги поднесува. Во спротивно, ставете се на негово место и ќе ви стане се јасно.

9) Друг маж ви пријде и ви го побара телефонскиот број

Ова звучи како да сакате да ви се препишат заслуги и да ви се додели награда затоа што не го изневерувате партнерот. Мажот ја цени вашата верност, но зарем во вистинската врска верноста не се подразбира?! Освен доколку не сакате намерно да ја предизвикате неговата љубомора- држете ја устата затворена.

10) Што сакате да направите во кревет

Доколку не сте смислиле нешто многу чудно, ќутете и изненадете го.

11) Глумевте оргазам

Зошто го изглумивте ако планиравте да му кажете? Глумењето на оргазам не помага во ништо, подобро е искрено да му кажете што ви одговара, а што не во сексот, наместо да кажете дека сте одглумиле- тоа ќе биде силен удар за неговото его.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.