Боите на овошјето и зеленчукот не се само украс на чинијата, затоа што својствата кои секој плод ги поседува влијае позитивно на нашето здравје, додека секоја одделна боја е одговорна за оддржувањето на главните функции во организмот. Црвените плодови го штитат срцето, зелените го чистат органзимот, белите го јакнат имунитетот, портокаловите се одговорни за здравјето на кожата, а виолетовите се одлични за мозочните вијуги и за продолжување на животниот век.

БЕЛО – ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ

Компир, карфиол, репка, печурки, лук, јаболки, круши – најчесто не привлекуваат со својот изглед, но нивната бледа боја крие огромен извор на важни нутритиенти кои го штитат и јакнат имунитетот.
Белиот зелнчук е богат со влакна, магнезиум и калиум. Компирот е извор на витамин Ц, содржи отпорен скроб, кој делува како заштитник на системот за варење во превенцијата кај карцином и холестерол. Карфиолот изобилува со влакна, јаболките и крушите ја содржат фитохемикалијата кверцетин, кој е силен антиоксиданс.

Совет: Поради сите предности се препорачува дневниот внос на бел зеленчук и овошје да биде барем по две порции, при што треба да се консумираат во свежа состојба, бидејќи така се десетпати поздрави и посилно делуваат врз здрвајето отколку во готвен облик.

ЦРВЕНО – ГО ШТИТИ СРЦЕТО

Црвен грејпфрут, грозје, лубеница, брусница, јагоди, вишни, нар, домати, ротквици – сите овие плодови се обоени црвено и се богат извор на каротен и антиоксиданси, кои се исклучително важни за крвотокот. Флавоноидите кои ги содржат во изобилство се заслужни за здравјето на срцето, помагаат во одржување на концентрацијата и спречуваат бројни инфекции.

Совет: За да создадете навика да консумирате црвени плодови, едноставно вклучете ги во секој оброк, на пример брусници за појадок, малку чили во сосот за ручек, пиперка во омилената салата.

ЗЕЛЕНО ГО ЧИСТИ И ОБНОВУВА ОРГАНИЗМОТ

Нajзастепениот зеленчук кој уште од мали нозе ни го сервираат воедно е и најразновидниот – спанаќ, брокула, зелка, грашок, мешунки, млад лук, пиперки, шпаргли, рукола, праз, леќа, авокадо, киви, грозје.

Низата се продолжува, а најважно е да се знае дека зелените плодови се извор на важните антиоксидансите лутеин и каротеноиди, а содржат и железо, фолна кислеина, калциум, бета-каротен. Нивната најсилна функција е чистење на организмот. Најчесто се изведува детоксикација токму со зелен зеленчук и овошје, бидејќи тие истовремено го хранат, одмораат и чистат телото.
Совет: Започнете го денот со зелено смути, ручекот зачинете го со малку термички обработен зелен зеленчук, додека за вечера послужете мешавина од варен праз, лежа и свежа рукола со неколку капки маслиново масло и исцеден лимон.

ПОРОКАЛОВО И ЖОЛТО – ЈА ЧИСТАТ КОЖАТА

Освежителните бои на кајсијата, мангото, праските, портокалите, ананасот, папајата, тиквата, морковите, пченката, пиперките делуваат на организмот исто како што изгледаат.

Бета-каротенот во овие плодови нашиот организам го претвора во витамин А, кој ја штити кожата од влијанието на слободните радикали. Во нив уште има изобилство и на калиум, фосфор, натриум, сулфур и калциум, кои ја хранат секоја клетка од телото. Антиоксидансите во нив, пак, помагаат во зачувувањето на дишниот систем и ги ублажуваат воспалителните процеси и заслужни се за сјајна кожа.
Совет: Сок од свежо исцедени цитруси делува врз организмот како инјекција од витамини и минерали. Зеленчукот е препорачливо да се консумира обработен термички, но многу кратко, а идеален е свежо консумиран во разни салати.

ВИОЛЕТОВО И СИНО – ЈА ПОДОБРУВА РАБОТАТА НА МОЗОКОТ

Сливи, грозје, боровинки, црни рибизли, капини, модар домат, црвено зелје, виолетов кромид се заслужни за низа здравствени благодети врз нашиот организам.
Антоцијаните се силни антиоксиданси кои ги врзуваат и неутрализираат високо реактивните, слободни радикали, го спречуваат штетното делување на УВ – зрачењето и имаат антибактериски својства. Тие се причината поради кои овие зеленчуци и овошја ја подобруваат моторичната координација, концентрацијата и го чуваат видот.

Совет: Неколку суви сливи и боровинки за појадок, капините одлично ќе дојдат за ручек како десерт, а за вечера испечете модри домати.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.