Во зима нема ништо полошо од сува кожа која се лупи, како на лицето такаи на рацете. И ноктите се исто така подложни на студ, на сув воздух во просториите, па поради сето тоа стануваат кршливи и неуредни. Еве како најдобро ќе ги заштитите, но и како да ги зачувате здрави и убави:

 

Хигиената е се

Како прво, потрудете се редовно да ја чистите нечистотијата под ноктите, бидејќи таа може да ве чини здравје. Посебно ако не можете да се одвикнете од навиката да го допирате лицето со валкани раце.

 

Користете ракавици при чистење

Водата, посебно доколку е тврда, во комбинација со детергентот за садови ги суши ноктите и ги прави кршливи. Затоа, при миење садови или рибање на бањата, секогаш користете ракавици. Секако дека е тешко да се ослободите од оваа навика, но таа долгорочно ви ги уништува ноктите.

 

Мачкајте ги рацете

При нанесување крема за раце, добро втривајте ја во ноктите и заноктиците, а можете да користите и посебни негувачки масла.

Користете басен лак

Без базен лак ноктите тсануваат жолти, а лакот во боја покусо трае. Освен тоа, тие содржат многу состојки коишто ја зацврстуваат структурата на ноктите.

Турпирајте ги само во една насока

Овој совет сигурно веќе сте го слушнале некаде, но го повторуваме зашто е важен. Со турпирање на ноктите во двете насоки само се истенчуваат ноктите, па затоа правете го тоа само во една насока. Потешко е, но се исплати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина