Нормално и здраво е да се потиме кога ќе порасне температурата, но круговите од пот под пазувите, залепената облека и влажните дланки можат да бидат исклучително непријатни. Медицинската состојба позната како хиперхидроза ја имаат оние луѓе кои се потат за три – четири пати повеќе од нормално. И за тоа постои лек – со помош на неколку совети можете да го спречите или ублажите потењето и непријатните мириси кои одат со него. Ако не помогне ништо од ова, постојат и медицински начини на лекување на ова нарушување, како што е применената на ботокс или операција.

1. Не ја зачинувајте храната
Голема шолја ладно кафе или пикантни сосови навистина се вкусни, но обидете се да ги ограничите ако сакате помалку да се потите. Кафето и сосовите можат да ги активираат неуротрансмитерите, кои се викаат ацетихолини. Се што ги стимулира овие трансмитери може да влијае врз жлездите кои го предизвикуваат потењето.

2. Користете антиперспиранти
Овие содржат алуминиумски соли, и кога ќе ги нанесете на кожата, тие формираат чепови кои ја блокираат потта. Можете да побарате од дерматолог да ви препорача некој антиперспирант. Поефикасни се медицинските антиперспиранти во спречување на потењето, бидејќи имаат поголеми количини активни состојки.

 

3. Ставете дезодоранс пред спиење
Производството на пот навечер е на најниско ниво, па активните состојки на антиперспирантите имаат поголеми можности да навлезат во порите и да го блокираат потењето наутро. Антиперпирантот може да го ставите и наутро. Не грижете се дали тој ќе се измие за време на туширањето, бидејќи неговите состојки веќе навлегле во потните канали.

4. Не дозволувајте дехидрација
Прекумерното потење може да доведе до дехидрирање и топлотен удар. Овошјето и зеленчукот се природни дехидратори, бидејќи содржат од 60% до 95% вода. Јадете многу манго и диња, кои содржат голема количина калиум.

5. Студена вода
Студената вода го поттикнува потењето. Затоа туширајте се со млака вода и користете неутрални или благо кисели сапуни (pH вредност 5,5). Тие ја чуваат заштитната кисела обвивка на кожата и го спречуваат размножувањето на бактериите на нејзината површина.

Потење поради други здравствени проблеми

Потењето е нормален процес во организмот, но прекуменото потење може да биде знак за некаков здравствен проблем. Потењето е дел од реакцијата на имунолошкиот систем, кој ја подига температурата на телото за да се избори со вирусите и бактериите. Но, се потиме и од други причини, а врз некои од нив можеме да делуваме и да ги ублажиме. Еве кои се тие:

 

 

potenje3

 

Ниско ниво на шеќер
Потењето може да биде знак за хипогликемија. Доктор Стивенс Лоренс, британски стручњак за дијабетес, нагласува дека и покрај тоа што падот на нивото на шеќер во крвта е карактеристично за овој вид на болест, ова може да им се случи и на оние кои немаат проблем со шеќерот, туку кои едноставно прескокнале еден оброк. Телото произведува инсулин, кој ја регулира количината на гликоза која од храната доаѓа во крвта. Ниското ниво на гликоза може да доведе до зголемување на адреналинот, па телото почнува да се поти.

Штитна жлезда

Прекумерното потење може да биде знак за хипертиреоза. Штитната жлезда произведува хормони кои ја регулираат потрошувачката на енергија во организмот. Кога таа произведува премногу вакви хормони, доаѓа до стимулација на потните жлезди, што резултира со прекумерно потење.

Несакано дејство од лекови

Потењето може да се спореди и со несаканото дејство од некои лекови, како што се антидепресивите. Овие лекови предизвикуваат зголемено излачување на хормонот кој предизвикува стрес, а тоа доведува до прекумерно потење.

Тагови: потење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина