Квалитетна предигра

Кога ги споредуваме мажите и жените, постои голема разлика. Додека мажите многу лесно се возбудуваат и веднаш се подготвени за жешки игри под чаршафите, на жените им е сепак потребно малку повеќе време за да се возбудат, а лоша техника и лошото изведување на предиграта можат во истата секунда наместо да ги запалат, потполно да ги изладат жените.

Жените, според докторката Емили Нагоски, авторка на книгата “Good in Bed Guide to Female Orgasams”се како многу добро суфле, чиј вкус ќе ве маѓепса, но за да успее, треба да водите сметка за разни други варијабли. Предиграта продолжете ја на 24 часа- во смисла комплименти, секси пораки, нежни, а потоа се посексипилни допири- сето тоа ќе овозможи незаборавен секс и нејзино потполно задоволство.

Тајната на оргазмот

Научниците во Холандија откриле дека тајната на потполното женско возбудување и достигнување на оргазмот се крие во длабокото чувство на опуштеност, а не смее да се почувствува ни малку вознемиреност или нервоза. Скенирањето на мозокот покажало дека деловите на женскиот мозок, одговорни за чувствата н страв и нервоза, се смируваат колку што е посилно сексуалното возбудување.

Заради тоа, научниците сметаат дека стадиумот на потполната опуштеност и елиминирањето на негативните емоции е една од најважните, а може да се каже и неопходните, работи за постигнување на оргазмот.

Секоја жена е приказна за себе

Секоја дама е поинаква, а поголемиот дел од нив првите неколку пати за време на сексот со новиот партнер не можат да доживеат оргазам. За потполно уживање во сексот жената мора да се чувствува опуштено, а мажот мора да открие што токму нејзе најмногу ја возбудува.

Така, на пример, некои жени сакаат влажни бакнежи, додека пак други се наежуваат при самата помисла на нив. Некои дами сакаат за време на сексот да бидат горе, додека пак други навиваат за мисионерска поза. Додека едни можат да доживеат повеќекратни оргазми, други, како и мажите, веднаш после првиот оргазам се подготвени да потонат во сон. На вас останува да откриете кое секси сценарио најдобро ја пали вашата партнерка и едноставно да и се препуштите на ситуацијата и уживањето.

Секси фантазии

Возбудливите секси фантазии се еден од клучните елементи на здравиот сексуален живот, а сексот со долгогодишен партнер може да има голема предност. Доколку партнерите уживаат во голема доза на интимност и доверба, поголеми се шансите и за препуштање и експериментирање.

За време на сексот дури и е пожелно да фантазирате, а доколку посакате, тие фантазии можете да ги испробате и во реалноста.

Препознајте ги сопствените граници

Ретко кој може во својата спална соба да изведе секси перформанс како во порно-филмовите, водејќи љубов по неколку часа. Препознајте ги и прифатете ги своите слабости и прилагодете им се на нив. Оние мажи кои страдаат од предвремена ејакилација, овој проблем можат да го компензираат со орален секс.

Секси игрите би требали да ги играти во рамките на сопствените граници и ограничувања без да се обидувате да бидете некој друг. Доколку партнерката не може да препознае што сакате или посакувате, едноставно кажете и го тоа и направете си услуга и на себеси и на нејзе.

Орален секс

Ретко која жена ќе остане рамнодушна за време на орален секс, особено доколку тој е квалитетен и успеете да и ги погодите сите нејзини клучни точки. Сфатете го клиторисот како срце на женската сексуалност и извор на потполно уживање, бидејќи со надразнување на оние 15 000 нервни завршетоци кои се наоѓаат во клиторисот, неминовно на партнерката ќе и пружите врвно уживање.

Како што тврдат сексуалните терапевти, доколку сакате на вашата партнерка да и пружите незаборавно сексуално искуство, оралниот секс не би требало да претставува табу, туку веднаш преминето кон негово вежбање и усовршување.

Темпирање на оргазмот

Како и во многу други работи, така и при доживување на оргазмот, мажите и жените потполно се разликуваат. И, додека мажите за време на сексот стигнуваат до точка после која нема враќање, а оргазмот е неминовен, кај жените поради различни причини ( тука вклучувајќи ја и прераната ејакулација на партнерот), оргазмот едноставно може да ги одмине и да не го доживеат.

Според препораката од сексуалниот терапевт Јан Кернер, би требало да се практикува сексуален бонтон и во некои моменти да ја пуштите жената прва да доживее оргазам. Следете го нејзиното однесување, грчењето на мускулите на рацете, нозете и карлицата, па дури потоа посветете се на доживувањето на сопствениот оргазам. Со самото тоа, се зголемуваат и шансите оргазмот да го доживеете заедно, во исто време!

Сексуални играчки

Секси играчките исто така не би требало да бидат табу и забранета тема. Со нивна помош, можете многу лесно да го зачините и подобрите вашиот сексуален живот. Вибраторот, според докторката Емили Нагоски, е еден од најдорите патишта кој води до долг и силен женски оргазам, бидејќи ја стимулира жената многу подобро од било што друго.

Не заборавајте на галењето

Немојте да ги потврдите типичните стереотипи за мажите во кревет така што после сексот едноставно ќе се завртите и ќе заспиете. Галете се, мазете и бакнувајте, а освен што во ова ќе уживате и ќе ја зацврстите врската, големи се шансите вашата партнерка и наредниот пат да биде расположена за секс, а можеби и многу бргу потоа за реприза.

Зборувајте валкано

Секако, доколку и двајцата го сакате тоа. Тоа ќе ве инспирира, ќе ги разбуди скриените страсти и ќе внесе нешто ново во вашиот сексуален живот. Безобразното шепкање на перницата е одличен начин да ја извлечете врската и од рутината и да го освежите вашиот сексуален живот. Освен со зборови, можете да си поиграте и со тонот на гласот. Жените ги возбудуваат мажи со длабок и рапав глас. Исто така, можете да си давате инструкции во стилот на : “Да, само продолжи така!” “Продолжи да ми го бакнуваш братот! “Затвори ги очите и уживај!” Да, продолжи да ме галиш тука!”  и слично се инструкции кои се одлични и корисни за двајцата партнери. Освен што го зголемуваат уживањето, тие го олеснуваат патот до оргазмот за двајцата партнери. Освен во креветот, нив можете да ги искористите како предигра или со нив да го започнете денот, на пример со жешки СМС пораки.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.