Не сте валкани, туку болни
Ако штотуку не сте изеле некое овошје, а здивот ви мириса на овошје, треба да го преконтролирате нивото на шеќер во крвта.
– Се работи за диабетска кетоацидоза, која се случува кога во телото има недоволно инсулин, поради што се зголемува нивото на шеќер во крвта – вели доктор Роберт Габај од Диабетскиот центар Јослин во Бостон, САД.
Здив кој мириса на овошје е чест кај оние кои боледуваат од дијабетес тип 1, отколку кај оние кои имаат тип 2 на дијабетес. Дијабетската кетоацидоза доаѓа заедно со други симптоми на дијабетесот, како што се вртоглавица, замаглен вид и необјасниво губење на килограмите.
Смрдливи стапала
Ако стапалата ви смрдат ненормално кога ќе се собуете, можеби вината за тоа е габична инфекција. Ако забележите дека кожата околу прстите ви е сува, на места црвена и имате меури, најверојатно имате атлетско стапало. Исто така, стапалата ја имаат таа непријатна миризба поради комбинацијата од бактерии и габи кои ја уништуваат кожата на прстите. Немојте ни случајно, доколку го имате овој проблем, да го почешате стапалото, бидејќи така ќе ги пренесете габите на другите делови од телото кои ќе ги допрете потоа со рацете.
Ако ја игнорирате појавата на атлетското стапало, кожата меѓу прстите станува премногу мека и влажна, поради што се насобираат уште повеќе бактерии. Тоа може да доведе до компликации. За да ја спречите појавата на атлетското стапало, стручњацте препорачуваат да се става беби пудра на стапалата, во случај ако премногу ви се потат.
Претерано смрдлива столица
Еве на што треба да се обрати внимание во овој случај.
Кога тенкото црево не произведува доволно ензим кој се вика лактаза, тогаш лактозата, шеќер кој се наоѓа во млечните производи, тешко се вари. Тогаш тенкото црево ја испраќа лактозата директно во дебелото црево, наместо во крвотокот, каде ја ферментираат бактериите кои инаку се наоѓаат во желудникот. Тоа може да предизвика дијареја, надуеност, ужасно смрдлива столица и многу смрдливи гасови. Освен тоа, некои други пропртани симптоми на интолеранција на глукозата се уште и: стомачни грчеви, мачнина, повраќање, а се се разликува од човек до човек. Докторите препорачуваат да се обрати внимание на столицата по пиење млеко. Ако тогаш смрди многу, треба да се обратите на доктор.
Урина со силен мирис
Инфекциите на уринарниот тракт можат да предизвикаат урина која има необично силен мирис, а неретко мириса и на некои хемикалии. До тоа доаѓа откако бактеријата Ешерихија коли ќе навлезе во уринарниот тракт и уретрата, а потоа и во мочниот меур, предизвикувајќи инфекција. Уринарните инфекции се почести кај жените отколку кај мажите, токму поради уретрата, која е покуса кај жените. Ако забележите необично силен мирис, обратете се на доктор.
Смрдлив здив
Непријатниот утрински здив, дури и ако редовно ги миете забите, може да биде знак дека имате апнеја – нарушување кое доведува до привремено застанување на дишењето за време на спиење. Апнејата може да предизвика рчење и да ве тера да дишете на уста во текот на ноќта. Тоа може да ви ја исуши устата, што е шеста шричина за непријатен здив. Кога устата е отворена за време на спиењето, бактериите полесно доаѓаат внатре, а кога тие ќе се намножат, произведуваат непријатна миризба слична на миризбата на расипани јајца.
Ако покрај непријатната миризба, во текот на денот чувствувате поспаност или рчете додека спиете, веднаш треба да посетите доктор. Многу е важно апнејата да се дијагностицира на време, бидејќи е поврзана со заболувањето од дијабетес, висок крвен притисок и срцеви болести.