Дали шампонот ве труе?
Американската Агенција за храна и лекови објавила извештај за производите за нега на телото, која сугерира дека почесто треба да се читаат декларациите на козметичките пакувања. Стив Сју, дерматолог на Медицинскиот центар МекГа, на врв на листаа на озлогласени препарати ги има ставено оние кои се користат за нега на косата и кожата. Како што пишува на сајтот на Агенцијата, “Компаниите и поединци кои рекламираат и произведуваат козметика, имаат законска обврска да обезбедат безбедност на своите препарати. Ни законот ни ФДА не бара специфични тестови кои би ја демонстрирале безбедноста на овие производи”.
Иако овој систем во кој произведувачот е истовремено и инспектор не им оди во прилог на потрошувачите, може да им помогне листата на штетни состојки кои се наоѓаат во многу шампони. Ако некој од нив го препознаете на пакувањето на својот производ, би било добро да го замените за некој помалку ,,сомнителен,,.
Сулфати
Оваа состојка ги иритира кожата, очите, устата, па дури и белите дробови, а посебно им пречи на оние кои имаат чувствителна кожа. Исто така, натриум додецил сулфатот (содиум лаурет сулфат) содржи хемикалии кои во лабораториски услови предизвикуваат појава на канцер кај глувците. Истражувачите не пронашле директна пврзаност помеѓу оваа состојка и појавата на рак кај луѓето.
Формалдехид
Верувале или не, многу препарати за нега на телото и чистење на домаќинството ја користат оваа состојка. Студиите не покажале сигурна поврзаност на оваа хемикалија со појавата на рак кај луѓето, но кај глувците доказот бил поконкретен. Според Американското друштво за борба против ракот, една студија покажала дека работниците изложени на формалдехид имаат повеќе промени на хромозомите. Ова откритие ја поддржуваат раната претпоставка дека оваа хемикалија е виновник за некои случаи на леукемија.
Парабени
Производителите на козметика често користат парабени, кои го спречуваат развојот на бактериите. Меѓутоа, оваа хемикалија го имитира естрогенот во телото и може да го забрза растот на ракот. Засега не постојат доволно силни причини за да се забрани оваа хемикалија, но не се препорачува нејзиното користење.