Лековитите својства на ракијата се пренесуваат од генерација на генерација. Со оглед на тоа што во ракијата има восок процент на алкохол, и понатаму треба да се внимава на консумираните количини, но мала чашка ракија ќе помогне брзо да се третираат одредени здравствени проблеми.

Погледнете го списокот на симптоми кои нашите предци успешно ги лекувале со помош на ракијата.

1. Стомачни болки

Ако за ручек или вечера сте изеле тешка и масна храна која ви предизвикала болки во стомакот, напијте се малку ракија и болките ќе исчезнат. Предлагаме лоза или сливка.

2. Забоболка

Мала голтка ракија држете во устата, жабуркајте со неа, а потоа плукнете ја. Повторете ја постапката неколку пати со мала временска разлика, за да не ги надразните премногу непцата.

3. Грлоболка

Ако имате воспаление во грлото или воспаление предизвикано од бактериска инфекција, неколку капки ракија со прополис успешно ќе го дезинфицираат грлото. Исот така, може да помогне и топол растителен чај со малку ракија во него.

4. Менструални болки

Неколку капки од која било слатка ракија можат да ги ублажат грчевите и мачнините во стомакот, кои често се пропратни симптоми на менструацијата.

5. Болки во грбот

Нежно масирајте го болното место на грбот со малку ракија. По неколку часа повторете ја масажата. За оваа цел се препорачува комова ракија, но можат да се користат и други видови ракија.

6. Вкочанет врат

Исто како и кај вкочанетиот грб, така и вкочанетиот врат може да се третира со ракија на иситот начин.

7. Болка при ревматски болести

За оние кои патат од артритис, масажата со ракија е често средство за ублажување на болките во зглобовите.

8. Отекување

Ракијата докажано ја лади кожата, со тоа што влијае добро на отоците. Покрај тоа можат да се масираат болните места или да се ставаат облози. Имајте на ум дека ракијата по неколку минути може да ја иритира кожата, па затоа не треба предолго да се држи.

9. Лоша циркулација

Нашите дедовци често по будењето пиеле ракија, за да ја поттикнат забавената циркулација.

10. Уролошки проблеми

Ракијата со магдонос е одличен домашен лек во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.

11. Мачнини за време на возење

Секако, овде ракијата им помага само на совозачите, бидејќи на возачите не им е дозволено да пијат додека возат. Многу возрасни се уште се борат со анкциозноста за време на возењето, а ракијата има моќ да помогне во решавање на тој проблем.

12. Дезинфекција на рани

Ракијата може да се користи како средство за дезинфекција на помали рани и исеченици, наместо медицинскиот алкохол.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина