Ретко кој назив поврзан со исхраната и здравјето во последниве неколку години се споменува толку често како – антиоксидансите. Од популарните магазини до стручната литература – антиоксидансите се истакнуваат како исклучително важни намирници со бројни позитивни ефекти врз нашето здравје. Но, знаете ли што се всушност антиоксидансите и каде можете да ги најдете?

Антиоксидансите се хемиски соединенија кои, наједноставно речено, може да ги спречат или забават оштетувањата на клетките. Попрецизно речено- антиоксидансите се “облици на однесување”. Секое соединение кое може да донира електрони и на тој начин да ги неутрализира слободните радикали има антиоксидансни својства. Антиоксидансите дејствуваат на три различни начини: тие може да ја намалат енергијата на слободните радикали, да го спречат нивното создавање или да ја прекинат верижната реакција на оксидација.

Значи, антиоксидансите се нарекуваат молекули способни за инхибиција на оксидацијата на другите молекули. Оксидација е хемиска реакција во која доаѓа до пренос на електрони или водород со супстанците на оксидативниот агенс, во која можат да настанат слободни радикали. Тие можат да започнат верижна реакција, а кога доаѓа до верижни реакции во клетките, може да биде предизвикана штета или може да дојде до унишување на клетките.

Природните антиоксиданси се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, морските растенија и морските плодови кои се хранат со морските растенија. Постојат илјадници антиоксидантни соединенија, а најчести се витамините А, Ц и Е, бета-каротен и ликопен. Антиоксидансите можат да бидат произведени и на вештачки начин и да и се консумираат како суплементи во исхраната.

Што се слободни радикали?

Заедно со поимот на антиоксиданси често се поврзуваат и поимите оксидативен стрес и слободни радикали. Денешниот начин на живот, кој подразбира големи ментални оптеретувања, недоволни количини на сон, еднолична исхрана и уживање во прекумерни количини на алкохол, цигари и кафе, во голема мера придонесува за зголемување на оксидативниот стрес во нашиот организам. Емоционалниот стрес, ултравиолетовото зрачење, токсичните материи, чадот од цигари и други фактори исто така предизвикуваат за создавање на слободни радикали во организмот.

Изложеноста на кислород (оксидација), може да ги “скрши” атомите, па тие на тој начин  остануваат со неспарени електрони, кои влијаат на хемиската нестабилност на соединенијата. Таквите нестабилни соединенија се нарекуваат слободни радикали, а нивната тенденција е да ги пронајдат слободните електрони од другите клетки и на тој начин да создадат верижна реакција. “Кражбата” на околните електрони ги ослабува атомите на клетките од соседството при што тие стануваат слободни радикали.

 Зошто слободните радикали се штетни?

Ретко добра идеја е да се игра со клеточната структура, особено кога клетките кои се изложени на оксидација (оксидативен стрес) содржат ДНК. Оксидативниот стрес е поврзан со сериозни болести како што се рак, срцеви болести, мозочен удар, стареење, дијабетес, артритис, фибромијалгија, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, автоимуни болести, опаѓање на когнитивните функции и  болести на очите како што е на пример макуларна дегенерација.

Функцијата на антиоксидансите е зачувување и обновување на оштетените клетки предизвикани од влијанието на слободните радикали. Како што кажува и нивното име, нивна функција е да се борат против оксидацијата, при која настануваат слободни радикали.

Антиоксиданси се витамините А, Ц и Е, бета-каротин, селен, флавоноиди и лигнан.

Како доаѓа до недостиг на антиоксиданси?

Исхраната сиромашна со масти може да ја наруши апсорпцијата на бета каротен и витамин Е и другите хранливи состојки, кои се растворливи во масти. Овошјето и зеленчукот се важни извори на витамин Ц и каротеноиди. Целите житарки и висококвалитетните растителни масла се главни извори на витамин Е.

Многу растителни супстанции се познати како “фитонутритиенти” или “фитохемикалии”. Тие исто така имаат антиоксидантни својства. Фенолните соединенија, како што се флавоноидите, се токму такви хемикалии, а се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, екстрактот од зелен чај, итн

Освен бирањето на соодветни намирници за консумирање и начинот на исхрана, човечкото тело има неколку антиоксидантни механизми со кои може да се заштити од посредното оштетување од слободните радикали. Антиоксидансните ензими – глутатион пероксидаза, каталаза и супероксид дисмутаза се такви ензими. Тие бараат микронутриенти како што се селен, железо, бакар, цинк, манган за нивните активности. Па така, може да се заклучи дека недостатокот на било кој од овие микронутриенти, како и недостатокот на масти, може да доведе до ниски антиоксидансни активности.

Значи, за да се одржат потребните нивоа на антиоксиданси е неопходно преку исхраната, а и доколку е потребно, преку суплементација, да се внесуваат доволни количини на антиоксиданси, а со тоа и да се спречат негативните ефекти на слободните радикали.

antioksidansi_1

 

Каде сѐ се содржат антиоксиданси?

Витамин Е:

-Ореви

-Житарки

-Зеленчук

-Растителни  масла

Витамин Ц:

-Цитрусни плодови

-Домати

-Зелен зеленчук богат со влакна

-Јагоди

Витамин А:

-Сладок компир

-Брокула

-Морков

-Кељ

-Диња

-Зелка

-Сливи

Бета-каротен:

-сладок компир

– морков

Селен:

-Бразилски орев

– Риба и морски плодови

-Црвено месо

-Јајца

-Млеко

-Лук

-житарици

Флавоноиди:

– соја

– црвено вино

-Калинка (нар)

-Брусници

-Боровинки

-Чај

Лигнан:

-Лен

-Пченица

-Овесни снегулки

-рж