Колку е храната битна за здравјето и силата на телото, одамна е веќе познато, но треба да се знае дека за секој дел од телото постои точно одредена намирница која е најпогодна. Зеленчукот, јаткастите плодови и рибата треба да бидат на нашето мени што почесто поради своите исклучителни состојки кои значително влијаат на нашето здравје. Во продолжение на текстот е точно објаснето што треба да се јаде за секој дел од телото.

Гради:

Тилчец

Ги лекува проблемите со варењето и помага кај лактација на мајките кои дојат. Поради фитоестрогенот (се однесува како естрогенот), кој содржи диосгенин, помага да се подобри протокот на млекотот.

 

Срце:

Лук

Го намалува крвниот притисок кај луѓе кои боледуваат од хипертензија. Препорачаната количина се четири чешниња на ден.

Јаткасти плодови

Богати се со добри масни киселини и влијаат на намалувањето на лошиот холестерол, што го намалува ризикот од срцевите болести и мозочниот удар.

Коски:

Смокви

Исклучително е важна за коските и забите, бидејќи е богата со калциум. Сувите смокви содржат повеќе калциум од било кое друго суво овошје. Но, смоквата е одлична и за зачувувањње на кардиоваскуларното здравје, за функционирање на мускулите и работата на нервите.

Матка:

Мисиркино месо

Здравата аминокиселина ларгинин од мисиркиното месо ја поттикнува синтезата на азотната киселина, која е важна за проток на крвата како и за зголемен доток на крв до матката, јајчниците и гениталиите.

Бели дробови:

Зелка, брокула, карфиол и кељ

Овие намирници ни даваат силна заштита во облик на антиоксиданси кои ги штитат нашите бели дробови од развој на болести. Неколку студии ја покажале нивната поврзаност со превенцијата од рак на белите дробови.

 

Јајчници:

Бразилски ореви

Изобилуваат со селен, кој е клучен за правилна работа на јајчниците. Селенот се бори против слободните радикали и го штити ткивото од пропаѓање, а се бори и против растот на канцерогените клетки. Студија од 2012 година покажала дека исхраната богата со селен и со други антиоксиданси го намалува ризикот од рак на јајчниците.

Мускули:

Јајца

Митовите за влијанието на јајцата на нивото на холестеролот се неточни, тврдат денес стручњаците. Јајцата се одличен извор на протеини и го зголемуваат добриот холестерол, а лошиот само незначително. Изобилуваат со леуцин, материја која го подобрува растот на мускулите.

 

Мозок:

Риба

Поради омега-3 масните киселини кои се неопходни за развој на мозокот и очите им се препорачуваат на сите, со цел да се одбегнат сериозни невродегенеративни болести како Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Стомак и желудник:

Ѓумбир

Ѓумбирот се препорачува за време на бременоста против мачнините, а се покажало дека само еден грам од него може значително да ја намали нивната појава. Проблемите со варењето исто така можат да се решат со ѓумбирот, посебно кога се работи за запек. Тој го подобрува варењето и го забрзува празнењето на цревата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина