Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 30 гр. путер
  • 2 помали главици црвен кромид
  • 500 гр. исчистена тиква
  • 1 л пилешка бистра супа
  • 300 гр. компир
  • 1 лажица црвен пипер
  • 200 мл. павлака за готвење (за послужување)
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Путерот растопете го во тенџере, па додајте ги исецканиот кромид. Пржете го додека кромидот не стане стаклест. Во него додадете ја тиквата исечена на коцки, медот, исечениот компир, солта, црниот пипер и црвениот пипер и супата. Поклопете го тенџерето, намалете го огнот и оставете го потажот да зоврие. Потоа продолжете да го варите на намален оган 35-40 мин. Кога ќе се свари компирот, оставете ја чорбата малку да олади, па изблендирајте ја целата содржина од тенџерето.
Послужете го потажот со малку павлака и со крутони.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина