Состојки:

 

  • 1 шолја киноа
  • 1 средно голема тиква
  • 1 врзоп кељ
  • 1/3 шолја ореви
  • 1/3 шолја суви брусници
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 1/3 шолја издробено фета сирење или некое друго тврдо сирење
  • сол
  • црн пипер

 

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220oC, а плехот за печење обложете го со алуминиумска фолија. Во тава со средна големина измешајте ја киноата со 2 шолји вода. Загрејте ја до вриење, а потоа намалете ја температурата и варете поклопено 15 минути. Исклучете ја ринглата и оставете да отстои 5 минути. Потоа промешајте со вилушка, посолете и ставете црн пипер и оставете да се олади целосно.

Во меѓувреме, тиквата исчистете ја и исечете ја на помали парчиња, наредете ја во плехот за печење и ставете ја во загреаната рерна. Печете додека не омекне и не добие потемна боја. Оставете ја да се олади малку. Потоа во голема чинија измешајте ја сварената киноа, печената тиква, сецканиот сиров кељ, брусницата и сецканите ореви. Во помала чинија измешајте ги маслиновото масло и балсамико оцетот и со оваа смеса прелијте ја салатата, посолете и додадете црн пипер. Одозгора наросете ја салатата со издробеното фета сирење или тврдо сирење и послужете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина