Сите сме свесни за неповолното влијание на брзата храна, шеќерите, рафинираните брашна и житарки како и прекумерното внесување месо врз здравјето. Некои од овие намирници ги нарекуваат уште и ,,празни калории,,, бидејќи содржат многу малку материи важни за здравјето. Но, дали знаете и дека таквите намирници имаат уште едно неповолно дејство, а тоа е предизвикувањето кисели реакции во организмот? Многу доктори и нутриционисти сметаат дека токму тоа кисело опкружување во ткивата по долготрајно консумирање може да предизвика многу болести, вклучувајќи го и ракот. Нашето тело е малку алкално т.е. базно, и таквата pH вредност е оптимална за одржување на здрав организам. Алкалната храна ја спречува појавата на ракот, а помага и во слабеењето. Здравата храна е многу важна, а посебно треба да се обрати внимание на неколку алкални намирници ки ја зголемуваат енергијата и го симнуваат вишокот килограми. Погледнете кои се тие.

1. Авокадо, банани и бобинки

Авокадото, бананите и бобинките имаат pH вредност 0,8 и му пружаат на организмот бројни здравствени бенефиции. Авокадото има антиоксидативни својства и може да го спречи ракот. Бобинките, пак, го регулираат високиот крвен притисок.

 

2.Морков, целер и лук

Морковот, целерот и лукот исто така содржат антиоксиданси и нивното ниво на pH вредност е 8.0. Тие му помагаат на организмот на тој начин што придонесуваат да се одржува таа pH рамнотежа. Лукот исто така го регулира и крвниот притисок.

3. Јаболка и кајсии

Јаболката се лесно сварливи, богати се со влакна и му помагаат на телото да го одржува хормоналниот баланс. Кајсиите имаат pH вредност 8,0 и се добар додаток во секојдневната исхрана.

4. Грозје, круши, ананас и суво грозје

Кога станува збор, пак, за грозјето, крушите, ананасот и сувото грозје, можеме да кажеме дека сите овие плодови помагаат во намалувањето на високиот крвен притисок, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и му обезбедуваат на организмот антиоксиданси и витамини А, Б и Ц. Нивната pH вредност е 8,5.

 

alkalnost

 

5. Киви

Кивито поседува флавоноиди, хамиски соединенија со антиоксидативни својства. Исто така е богато со витамин Ц, дури многу повеќе од портокалот.

 

6. Поточарка

Оваа трева има има pH вредност 8,5 и спаѓа во супер намирниците поради високата содржина на железо и калциум. Слична е на морската трева. Најдобро е да се јаде сирова.

7. Лимета, манго и папаја

Лиметата, мангото и папајата имаат pH вредност 8,5. Овие намирници придонесуваат за чистење на бубрезите и се одличен додаток во вашата секојдневна исхрана. Папајата има својства на природен лаксатив, додека лиметата и мангото се богати со витамини и создаваат алкална средина за време на варењето.

8. Диња

Дињата има pH вредност 8,5 и голема содржина на влакна. Во споредба со другите овошја, има ниско ниво на шеќер.

9. Црвена лута пиперка

Оваа има pH од 8,5, но исто така и таа го содржи витаминот А и има антибактериски својства. Успешно се бори против вирусите и настинките. Покрај тоа, го намалува нивото на стрес.

10. Лубеница

Многу е алкална. Содржи значајна количина на влакна и вода – 92% од нејзината тежина е вода. Богата е со ликопен, витамин Ц и бета каротен.

 

Сите горенаведени намирници помагаат во исхраната на повеќе начини. Од нив можете да имате голема полза, бидејќи со соодветни порции од овошје и зеленчук го снабдувате организмот со потребните витамини и минерали. Освен тоа, како што веќе спомнавме, сите овие помагаат и во слабеењето, па сите кои сакаат да ослабнат треба што почесто да ги консумираат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина