Постојат бројни здравствени проблеми или тегоби, кои не претставуваат некоја голема опасност по нашето здравје, но сепак знаат да бидат исклучително непријатни и да ни го расипат денот и доброто расположение.  Едни од нив се и лошиот здив, убодите од инсекти, изгорениците или мигрената. За среќа, постојат лесни начини со помош на кои овие проблеми можат да се решат ефикасно, а можете да ги најдете во секое домаќинство.

namirnica naslovna

Мед против мамурлак – Постојат многу природни начини со помош на кои можете да го победите мамурлакот. Намачкајте мед на парче леб и изедете го. Фруктозата му помага на телото да ја забрза обработката на алкохол, а медот содржи голема количина на шеќер во себе. Освен во медот, фруктозата се наоѓа во црешите, грозјето и доматите.

Оцет за исеченици и каснувања од инсекти –  Ако се исечете , прво измијте ја раната со вода. Потоа ставете малку оцет на неа и притиснете ја со чиста крпа. Крварењето ќе запре, а оцетот ќе ја спречи појавата на инфекцијата. Користите оцет за убоди од инсекти.

Студена вода на рацете против потење – Откако ќе завршите со вежбање, на мозокот му е потребно подолго време за да сфати дека сте престанале со физичката активност, па најверојатно ќе продолжите да се потите и во наредниот половина час по завршувањето на вежбањето. За да го спречите ова, потопите ги дланките  и зглобовите во ладна вода. Нека останат под вода 10 секунди, извадете ги за момент, а потоа поторно потопете ги.

Зелен чај против лош здив – Редовното консумирање на зелен чај помага ефикасно да се елиминира лошиот здив. Пред  да проголтате,  малку протресете ја голтката во устата. Зелениот чај на тој начин ефективно ги убива бактериите и го отстранува лошиот здив.

Со еспресо кафе против мигрена– луѓето кои страдаат од мигрена знаат дека постојат одредени симптоми пред мигрената да настане, како што  е голема потреба за чоколадо и почестото мокрење. Во овој период, можете сами на себе да си помогнете  со пиење еспресо кафе. Тајната лежи во тоа да се зголеми протокот на крв во мозокот. Се препорачува да се напиете еспресо, една голема чаша вода и да вежбате 20-30 минути.

Топли  облози за суви очи– Ако вашите очи се суви и едвај ги држите отворени, затворете ги  и на капаците ставете топла облога. Чувајте ја облогата  5-10 минути, и повторете го ова уште неколку пати во текот на денот.

Млеко за изгореници. Доколку имате мала изгореница, потопете ја 15 минути во сад со млеко  или на самата изгореница ставете крпа потопена во млеко. Млекото ќе ја ублажи болката и ќе го  забрза процесот на лекување. Откако ќе ја отстраните облогата со млеко, внимателно измијте ја раната со студена вода.