Квалитетна исхрана во вечерните часови е добра за да се обнови оштететното  мускулно ткиво во вашето тело. Консумирањето на соодветна храна пред спиење ќе му ги даде на вашето тело потребните состојки за закрепнување од интензивното вежбање и ќе ви помогне во достигнувањето на добра телесна форма. Погрешно избраната храна пред спиење и во ноќните часови ќе ви донесе повисок процент на масти во телото.

 

 

Телото има потреба од енергија и во текот на ноќта

 Некои луѓе одбиваат да јадат неколку часа пред спиење , бидејќи мислат дека храната во ова време ќе им донесе несакани килограми. Не треба да се грижите за конзумирањето храна во тоа време, но треба да се чувате од погрешно избрана храна и премногу калории. Иако енергијата се намалува кога ќе си легнете, сепак таа не паѓа на нула. Вашето тело во текот на ноќта ги обновува оштетените мускулни ткива , и за тоа му се потребни соодветни хранливи материи . Заради процесот на обновување , треба да се јаде пред спиење , бидејќи наредните 6-8 часа сте во состојба на пост. Не постои друг период во текот на денот кога толку долго не јадете . Лишувањето на вашето тело од калории , ќе ве доведе во катаболитичка состојба и ќе изгубите некои од придобивките на кои сте работеле во теретана. Доколку вежбате редовно, оброкот пред спиење е од суштинско значење. Идеално би било да јадете свежа урда и некои други здрави масти , цели варени јајца или протеински шејк со казеин.

Храна која бавно се вари

Најдобра храна за оброци и грицкање во текот на ноќта е храна која побавно се вари. Бавното варење ќе им овозможи на внесените калории да се обработуваат во текот на целата ноќ , а не сите одеднаш. Добри примери за овој вид храна се протеини ( свежо сирење, протеински шејк со казеин, цело варено јајце , туна, пилешки гради , немасни производи,млеко) сложени јаглехидрати (зеленчук , грав, ориз , мешунки , овес ) и незаситени масти (морска храна, маслинки, путер од кикирики, ореви).

jadenje_navecer_naslovna

Храна која брзо се вари

Храна која треба да ја избегнувате во текот на ноќта  е храната која брзо и лесно се вари. Калориите кои ќе поминат низ вашиот систем  ќе дадат голем прилив на енергија во кратко време. Бидејќи на телото не му е потребно толкава количина на енергија во оваа доба, поголема количина од храната ќе се складира како масти.

Храна која лесно се вари се сложените рафинирани јаглехидрати и шеќерот. Поради својата структура, по брзото варење, доколку не се согори веднаш, оваа храна се претвора  во масти. Примери за ваков вид храна се бел леб, овошен сок , безалкохолни пијалаци, колачиња, торти, крофни, слатки. Овие намирници содржат ” празни калории ” и немаат корисни микро и макро нутриенти за вашето тело и може да предизвикаат проблеми со спиењето.

Секоја  внесена храна во доцните ноќни часови носи вишок килограми ? Мит !

 Оние кои се противници на оброкот пред спиење сметаат дека секоја внесена храна доцна навечер носи и прекумерна тежина. Запаметете дека несаканите килограми се од премногу храна внесена во текот на денот. Балансот на тежината е контролиран од страна на односот помеѓу согорените и внесените калории. При тоа, многу мала улога има тоа кое е времето на внесување на овие  калории.

Ако сакате да изгубите килограми, тогаш треба да пресметате и да ја дознаете вашата дневна потреба од калории. Почнете да ги броите калориите, внесувајте помалку калории отколку што ви требаат (околу 500 на ден) и ќе изгубите на тежина. Обидете се да ги поделите калориите така што ќе консумирате мали оброци на секои 2-4 часа.

Заклучок

Значи, внесувањето храна пред спиење ќе му помогне на вашето тело при обновување и зачувување на мускулните ткива. Внесувањето на храна во оваа доба, сама по себе нема да ви донесе несакани килограми. Несаканите килограми  се резултат на вишокот калории акумулирани во текот на денот, а не само оние кои сте ги внеле во вечерните часови.