Едно истражување во Данска, кое траело речиси четири десетлетија, а во кое земале учество повеќе од 100.000 возразни луѓе, откило дека оние луѓе кои според индексот на телесна маса (БМИ) спаѓаат во луѓе сопрекумерна тежина’, имаат поголема веројатност да живејат подолго од оние чија телесна маса од категоријата здраво’, ‘неухранетоилидебело’.

Овие резултати ја доведуваат под знак прашање една од основните претпоставки за нашето здравје – дека здравиотиндекс на телесна маса значи и повеќе шанси за подолг живот. А, ова и не се првите вакви резултати. Веќе повеќе разни студии покажале дека нафрлањето на некој килограм повеќе и не е толку лошо по здравјето. Овде треба да се нагласи дека тие резултати не можат да бидат оправдание за прекинување со физичките активности и дека од сега, па понатаму треба да се јаде само чоколада за појадок. Никој не тврди дека избегнувањето на вежбањето и јадењето лоша храна е најдобриот пат за длабока старост (за жал).

Што е точно здраватежина?

 

Она што овие резултати сугерираат е дека можеби би требале повторно да размислиме што навистина би требало да се смета за претерана тежина. Студијата раководена од клиничкиот биохемичар Борге Нордестгард од Универзитетската клиника во Копенхаген, ги анализирала медицинските податоци на повеќе од 100.000 возрасни луѓе во Данска, поделени во три одделни групи на секои 15 години. Притоа откриле дека во текот на четирите десетлетија на анализирање, од 1976 година до 2013 година, БМИ индексот поврзан со најнискиот ризик од смрт се искачил од 23,7 на 27. Ако вашиот БМИ е помеѓу 18,5 и 24,9, се сметате за нормална или ,,здрава,, личност, но ако БМИ ви е помеѓу 25 и 29,9 се смета за ,,претерана тежина,,. Оние со БМИ индекс од 30 и повеќе се ,,дебели,,. Студијата открила и дека оние кои се во категоријата на ,,дебели,, имаат ист ризик од смртност како и оние кои спаѓаат во категоријата ,,нрмални,, дури и ако во обзир се земат факторите како што се старосната доба, полот, историјата на болести во семејствата, друштвено – економскиот статус и пушењето.

Со оглед на тоа што во последните 40 години категоријата поврзана со најдолжиот животен век е поместена од ,,нормална,, во онаа ,,прекумерна тежина,, прашање е дали нашата класификација за ,,нормална,, тежина е погрешно поставена или поврзаноста помеѓу нашата телесна тежина и целокупната здравствена состојба е далеку покомплицирана.

БМИ не треба да се користи како основна мерка

Самиот БМИ индекс не може да биде доволен за да се предвиди здравствената состојба и ризикот од смрт вели докторот Рексфорд Ахим од Училиштето за медицина од Пенсилванија.

Индексот за телесна маса веќе подолго време се напаѓа како недоволно добро добра основна мерка за здрава тежина, а познати се и случаите на врвните спортисти кои се во совршена форма, но чиј БМИ индекс биле во категоријата надебели’.

Покрај тоа, една друга студија покажала како 3,4 милиони Американци од категоријата ,,претерана тежина,,, како и 19.8 милионидебелисе всушност здрави, судејќи според бројните кардио – метаболички маркери.

Луѓето чиј БМИ индекс е под категоријатапретерана тежина’, се потполно здрави, така што користењето на овој индекс како некоја основна мерка, е сосема неправилно. Кажано накусо, колку некој долго ќе живее е далеку покомплицирано да се предвиди, отколку само да се измери односот на килограмите и сантиметрите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина