MISLI_1

 

Подолу ви претставуваме неколку мотивациски цитати од најпознатите светски спортисти, автори и филозофи за вежбањето, спортувањето и мотивацијата.

1. Ако жена ве победи во тенис, променете го спортот. Ако жена ве победи во бокс, сменете ја жената. “ – Мухамед Али

2. “Силата не доаѓа од победата. Вашата борба ја равива вашата сила. Кога ќе поминете преку тешкотиите и ќе одлучите да не се предадете,ете тоа е сила “ – Арнолд Шварценегер.

3. “Ако на секој поединец би можеле да му ја одредиме соодветна количина на исхрана и вежби, ни премногу, ни премалку, ќе го пронајдеме насигурниот пад до здравјето.” – Хипократ.

4. “Јас не мислам дека било кој друг квалитет е толку важен за успехот од било каков вид, како што е квалитетот на упорноста. Тој надминува речиси сè, дури и природата. “Џон Д. Рокфелер.

5. “Силата не доаѓа од физичкиот капацитет. Таа доаѓа од нескршливата волја “-. Махатма Ганди.

6. “Доколку секогаш си поставувате ограничувања на се што правите, физички или било какви други, овие ограничувања ќе се прошират и на вашата работа и на вашиот живот. Не постојат ограничувања. Постојат само нивоа, на кои не смеете да останете, туку мора да продолжите напред “-. Брус Ли.

7. “Поголемиот дел од нашите препреки би ги елиминирале доколку, наместо да се наежуваме пред нив, нашите умови ги програмираме храбро да проаѓаат преку нив.” – Орисон Свет Марден.

8. “Не можете да се потпрете на вашите очи, кога имагинацијата ви е надвор од фокусот.” – Марк Твен.

9.“Енергијата и упорноста ги освојуваат сите нешта.” – Бенџамин Френклин.

10. “Промашив повеќе од 9000 шутеви во мојата кариера. Изгубив речиси 300 натпревари. 26 пати ми било доверено да изведам шут кој би донел победа и јас промашив. Доживував неуспех по неуспех во својот живот и тоа е причината поради која денес сум успешен “– Мајкл Џордан.

11. “Тајната на успехот е само во тоа да започнеш да се движиш.” – Агата Кристи.

12. “Човекот кој гледа на светот во деведесеттата како што гледал во педесеттите, изгубил триесет години од својот живот.” -Мухамед Али

13.“За да станеш шампион, мора да веруваш во себеси и кога никој друг не верува “– Шугар Реј Робинсон

misli_2

14.“Јас сум најголем; си го реков тоа дури и пред да се станам најголем. ” -Мухамед Али

15. “Кога сум на паркетот, не мислам многу за работите надвор од него. Ако имам проблеми во приватниот живот, по натпреварот, мојата визија е појасна и полесно го решавам проблемот. Тоа е како терапија. Кошарката ме опушта и ми помага полесно да ги решавам проблемите. “-Мајкл Џордан

16. “Кога малку ќе размислите, што друго ни преостанува, освен да се надеваме?-Ленс Армстронг

17. “Кој знае што е добра храна, тоа сигурно не знае што е голема меморија. Точно, постојат исклучоци на двете страни. “Роберт Боби Фишер

18. “Топката не знае колку години имам” – Мартина Навратилова

19. “Можам да го прифатам неуспехот. Но, не можам да прифатам да престанам да се обидувам.” -Мајкл Џордан

20.“Го мразев секој ден од тренингот, но си реков себеси:” Не се откажувај. Трпи сега и помини го остатокот од животот како шампион.-Мухамед Али

21. “Немојте да бидете само публика, не дозволувајте животот да мине покрај вас.” – Лу Холтз

22. “Оној кој рекол дека не е важно дали ќе победите или изгубите, туку важно е да се учествува, веројатно и самиот изгубил” – Мартина Навратилова

23. “Победникот никогаш не престанува да се обидува.” Том Лендри

24. “Пријателството е најтешкото нешто во светот за објаснување. Тоа не е нешто што се учи во училиште, но ако не сте научиле што е смислата на пријателството, во суштина, не сте научиле ништо “ – Мухамед Али

25. “Со убавите жени е како со фудбалот. Се радуваме на убавиот викенд, а после тоа сме бескрајно разочарани” – Франческо Тоти

26. “Смислата на животот е живот со смисла” – Роберт Брн

27. “Што е она што нештото го прави посебно? Не она што ќе го добиете со него, туку чувството дека тоа би можеле да го загубите “ – Андре Агаси

28. “Шампионите не се создадаваат во теретана. Шампионите се создаваат од нешто што го имате длабоко во себе -желба, визија и сон. “ – Мухамед Али

29.“Успехот не е нешто што се случува само по себе – успехот се учи, успехот се вежба, а потоа се споделува со другите” – Спарки Андерсон

30. “Вие можете да го осмислите планот за борба, но кога таа ќе започне, работите можат да тргнат во неочекувана насока, и тогаш сте препуштени на вашите рефлекси – тоа е значи вештина која сте ја стекнале со тренинг. Во тој момент, се гледа во каква кондиција сте, односно колку километри сте претрчале надвор од фитнес салата. Ако сами себе сте се залажувале и сте ги пропуштале утринските часови по трчање, вистината ќе излезе на виделина под сјајот на рефлекторите “– Џо Фразиер