Под предменструален циклус се подразбираат низа промени во работата на хормоните кај жените, кои се манифестираат со појава на емоционални, психички и физички симптоми. Оваа дефиниција жените многу добро ја знаат и секој месец ја чувствуваат истата на своја кожа. Но, иако можеби го запоставуваме ПМС, постојат знаци кои не потсетуваат дека на овој синдром треба да му обратиме повеќе внимание.

 

Молчење, тишина, врева, караници, постојано раздразливост, плачење, чувство на нетрпеливост, желба за самотија – сите тие се измешани емотивни состојби кон кои жените тежнеат кога ќе влезат во ПМС и тогаш е најдобро да не се задеваат и да не се бараат од нив посебни објаснувања за постапките.

 

Имено, доколку тој период влијае на вашата способност да учествувате во секојдневното функционирање, мора да се позанимавате со тоа. ПМС знае да биде карактеристика на некоја посериозна ситуација. Постојат ситуации кои ги поврзуваме со ПМС, а кои всушност немаат многу врска со него.

 

Ендометриоза

 

Ендометриозата е многу често болно нарушување кај кое ткивата кои нормално ја обложуваат матката почнуваат да растат вон неа. Оваа појава често ги вклучува јајчниците, цревата и ткивото на малата карлица. Ендометриозните ткива можат да се прошират и вон делот на малата карлица, но многу ретко. Исто така, може да предизвика многу посериозни предменструални грчеви и мачнини, кои често се мешаат со ПМС. Останатите знаци на ендометриоза вклучуваат тешки периоди и болки за време на сексот.

 

Хормонски дисбаланс

 

Синдромот на полициситчни јајчници (ПЦОС) се поврзуваат со хормонскиот дисбаланс – ненормален раст на коса и појава на акни. Вишкот на овие хормони може да доведе до промена на расположението и до други ПМС симптоми. Меѓутоа, за разлика од другите стандардни симптоми, хормонскиот дисбаланс може да предизвика влакнетост на лицето и телото, но и опаѓање на косата.

 

Перименопауза

 

Перименопаузата во буквален превод значи “околу менопауза” и означува транзиција кон менопаузата. Кај жените под 40-та година, овие симптоми можат да бидат знак за предвремена дисфункција на јајчниците, што доведува до порана појава на менопаузата.

 

Промена на расположението

 

Навикнати сме да гледаме и да слушаме дека кога жената има ПМС таа често го менува расположенинето и емотивните состојби. Но, треба да се има предвид дека промените на расположението можат да бидат знак за анкциозност или депресија. Ако за време на ПМС чувствувате дека имате емоционални проблеми, проблеми со спиењето (неви се излегува од кревет), слабо јадете и не ви се оди на работа – тоа всушност може да биде знак за депресија.

 

Надуеност за време на менструацијата

 

Ако ви се чини дека предменструалните симптоми траат и по завршувањето на менструацијата или почнат дури две недели порано, треба да се позанимавате со некои други причини. Исто така, ако надуеноста продолжува и за време на менструацијата, воглавно тоа се симптоми на нетолеранција на лактозата или на неизбалансирана исхрана.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина