Отежнато дишење на нос и зголемени крајници. Наведените препораки и совети се и за лекување полипи во носот.

 

Препораки:

 

Сменете ја исхраната, нагло намалете ги намирниците кои предизвикуваат слуз: млечни производи, слатки, масти, скроб и белковини. Треба повеќе да јадете зеленчук. Може да се набави и готов подготвен зеленчук. Свежиот зеленчук во студено годишно време го разладува организмот, а тоа е штетно.

 

Важен е и правилниот редослед на внесување на храната: точност пред јадење, многу да не се пие после јадењето – тоа е една од причините за слабото варење и создавање многу слуз. Не јадете навечер. Ако имате потреба за храна, напијте се некој киселомлечен напиток.

 

Организмот треба да се исчисти од микропаразитите, па потребно е да се дејствува директно врз колониите микропаразити кои ги создале аденоидите или полипите.

 

Рецепти:

 

  • Една супена лажица кокошкино грозје (лат. Solanum nigrum) се прелева со две чаши врела вода и се остава да отстои 2 часа. Се пие по една супена лажица 3 – 4 пати дневно.

 

  • Две супени лажици плодови од кокошкино грозје се прелеваат со една чаша вода, се варат на тивок оган 7 – 8 минути, па се оставаат 1 час да отстојат. Се процедуваат и од овој напиток се пие по една четвртина чаша 3 – 4 пати дневно, пред јадење.

 

  • Една супена лажица иситнети листови и корен од ранилист (лат. Stachys officinalis) се прелева со две чаши врела вода и се остава да отстои. Се пие во текот на целиот ден.

 

Комплексно лекување:

 

За возрасни: навечер, а потоа наутро на празен желудник се пие по 50 -100 грама екстракт од кокошкино грозје. Отприлика, по половина до 1 час, во носот се капнуваат 1 – 2 капки сок од циклама и се легнува во кревет. Штом ќе почнете да искашлувате, измијте го носот со екстрактот од ранилист и пијте по 30 – 50 грама од овој екстракт, се додека не престанете да кашлате (додека од носот не излезе сета слуз, аденоиди и полипи). Во зависност од возраста, дозата е за 2 – 5 пати помала, отколку за возрасен. Кокошкиното грозје може да се замени и со свеж сок од стар компир (30 – 50 грама) или со екстракт од тутун (15 – 20 капки на 100 грама вода).

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина