Состојки за сос:
  • ½ филџан сирови индиски ореви
  • 1 лажица исо паста
  • 1 чешне лук
  • ¼ лажичка дижон сенф
  • ½ филџан вода
  • 2 лажици свеж сок од лимон
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол, по желба
Состојки за тестенините:
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 филџани топчиња прокељ
  • 220 гр. интегрални шпагети
  • морска сол
  • црн пипер
Подготовка:

 

СосИндиските ореви се оставаат да отстојат 3-4 часа потопени во вода, потоа се процедуваат и мијат. Се ставаат во блендер, им се додава мисо пастата, лукот, дижон сенфот, водата, маслиновото масло, лимоновиот сок и малку сол. Се се меле додека не се добие хомогена смеса.
ШпагетиТопчињата прокељ се сечат на половина. Се загрева маслиновото масло на среден оган и му се додава прокељот. Се посолува. Се пропржуваат 2-3 минути, додека не добијат златно-кафеава боја. Се динстаат уште 7-10 минути, додека не омекне прокељот. Им се додава малку лимон и се тргаат од огнот.

За тоа време во тенџере ставете вода, посолете ја и загрејте ја до вриење. Подгответе ги шпагетите според упатството на пакувањето. Потоа, исцедете ја водата, но оставете еден филџан од водата во која се вареле шпагетите. Потоа вратете ги шпагетите во тенџерото, и одозгора истурете го сосот. Ако е потребно сосот да биде малку поредок и покремаст, додадете ја водата од филџанот. На крај додадете го прокељот и се измешајте, така што се добро да се загрее. Послужете топло, наросено со мелен црн пипер.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина