Тренингот е само дел од целокупниот процес на здрав живот, кое аматерите кои штотуку почнале да вежбаат треба да го научат, посебно кога се работи за добра подготовка. Тоа вклучува добар тајминг, индивидуален избор на најдобри видови вежби, како и сето она што го правите откако конечно ќе го обработите тренингот. Самиот тренинг е само дел од целопупната работа, ако сакате да ја имате ползата од него која сте ја замислиле.

 

Затоа не треба да ги правите овие пет грешки:

 

После тренингот дефинитивно не е време за брза храна

 

Таквата храна нема речиси никаква хранлива вредност, а вам после тренинг ви се потребни нутритиенти.

 

Не спиете и не се одморате доволно

 

Одморот е подеднакво важен како и самиот тренинг.

 

Не пиете доволно вода

 

Потта е одличен показател дека сте направиле доволно, но загубената течност треба да се надомести пред, за време и по тренингот. Сепак, се посегнувајте по спортски напитоци полни со шеќери, туку пијте обична вода.

 

Се обидувате да ги надоместите витамините со суплементи

 

Храната е секогаш подобар избор, што поради витамининте, толку и поради горивото за вашите мускули.

 

Не се истегнувате доволно, или воопшто не се истегнувате

 

Загревањето пред вежбање, тренингот и правилното истегнување по вежбањето претставува комплетен и правилен тренинг. Сето друго е половично вежбање, или е лошо за вашите мускули.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина