zacini_naslovna

Зачините и лековитите билки од дамнешни времиња се користеле за лечење на разнивидни блести. Иако научниците не се сигурни дали консумирањето на некои зачини и билки помага директно за заштита против ракот, тие сепак ги признаваат нивните посредни делотворни дејства.

Ѓумбир

Долго време се користи во народната медицина за лекување на многу болести, од настинки до запек. Може да се јаде свеж или во вид на зачин. Иако аромата помеѓу свежиот и оној во прав е значително различна, сепак ѓумбирот во вид на зачин може да послужи како додаток на голем број на јадења. На пример, можете да замените осмина лажичка мелен ѓумбир со една лажичка свежо рендан ѓумбир и обратно. Покрај тоа што е ефикасен против гадење и мачнини, добро може да влијае на чувствителниот стомак за време на лекувањето на ракот.

Рузмарин

Оваа медитеранска билка е одличен антиоксиданс. Со рузмаринот можете да го подобрите вкусот на супите, сосот од домати, лебот и високо протеинската храна, како што е пилешкото, говедското и јагнешкото месо. Рузмаринот помага преку детоксикација, го подобрува вкусот, го олеснува варењето и надуеноста и го зголемува апетитот. Обидете се да пиете три чаши чај од рузмарин дневно.

Куркума

Куркума е билка од семејство на ѓумбир и таа е одговорна за жолтата боја која ја има карито и воедно му дава еден специфичен вкус. Куркумин е активната состојка во куркумата . Спојот на антиоксиданси и анти-воспалителни својства потенцијално заштитуваат од развојот на рак. Научниците моментално спроведуваат едно истражување за да видат како екстрактот од куркума влијае врз превенцијата и третманот на одредени видови на рак како што се рак на дебелото црево, рак на простата, рак на дојка и рак на кожата. Иако резултатите досега се покажа како ветувачки, засега тие сеуште се применети само на лабораториски животни врз кои и се спроведува истражувањето. За сега, не е сигурно дали на крајот екстрактот ќе се покаже подеднакво успешен и кај луѓето.

Лути пиперчиња

Тие содржат капсаицин, супстанца која може да ја ублажи болката. Дејствуваат анти-воспалително, ја спречуваат болката, го подобруваат варењето. Истражувањата за рак на простата покажале дека капсаицинот е одличен за уништување на клетките на ракот.

Лук

Во лукот се содржи голема количина на сулфур , а исто така лукот е и добар извор на аргинин, олигосахариди, флавоноиди и селен, однодно сите супстанции кои се многу корисни за здравјето. Главна состојка во лукот е алицинот, кој има антибактериски, антивирусни, антигабични, антипаразитни и антиоксидансни својства. Некои истражувања укажуваат на тоа дека зголеменото внесување на лук го намалува ризикот од карцином на желудникот , дебелото црево, хранопроводот , панкреасот и на дојките . Штити од честите бактериски инфекции. Лукот е одличен за детоксикација, имунолошкиот систем и го намалува крвниот притисок.

Нане

Уште од антички времиња се користи како помош при дигестивни проблеми или за ублажување на надуеноста и гасовите , варењето, грчеви и дијареа . Помага и при симптоми на воспалително заболување на цревата , како и труење со храна . Нането ги опушта мускулите на желудникот, го подобрува лачењето на жолчката, што и овозможува на храната полесно да помине низ желудникот. На оние кои имаат рак на желудникот им се препорачува да пијат по една чаша чај од нане дневно. Благотворно делува и на воспалени грло. Затоа, понекогаш се користи и за ублажување на болните воспалени рани на устата кои може се настанати од хемотерапија или зрачење.

Камилица

Камилицата може да помогне кај проблеми со спиењето, па затоа е препорачливо шолја чај од камилица пред спиење. Исто така , како и нането, камилицата е добра за превенција и третман на ранички во устата предизвикани од хемотерапија и радиотерапија. Чајот од камилица може добро да дејствува и кај дигестивните нарушувања , вклучувајќи и грчеви во стомакот.