Голем број луѓе, како кај нас така и ширум светот, имаат проблем со вишокот килограми и бараат секакви можни начини да ослабнат. Наспроти нив, иако не во толку голем број, постојат луѓе кои имаат проблем да се здебелат и да ,,нафрлат,, некој килограм плус на себе. Причините за слабост и неможноста да се здебелат можат да бидат безбројни, а најчесто тука улога игра генетиката или претерано брзиот метаболизам. Но, која и да е причината, треба да се знае дека постојат многу ефикасни начини и намирници кои можат да им помогнат на овие луѓе да се здебелат. Една од нив е пивскиот квасец. Тој се има покажано како една од најдобрите опции за брзо, а притоа здраво зголемување на килограмите, со оглед на тоа што во себе содржи многу протеини, односно белковини, кои ја поттикнуваат регенерацијата на клетките, овозможувајќи им подобро снабдување со кислород. Освен протеини, квасецот содржи и витамини Б2 и Б6, кои се заслужни за исфрлањето на токсичните материи од организмот. Комплетниот Б комплекс од Б витамни кој се содржи во пивскиот квасец е задолжен за поттикнување на апетитот и за градење на мускулите, па затоа е совршен избор за сите оние кои сакаат да ја зголемат својата телесна тежина. Може да се консумира во облик на прав или во облик на таблети, но најдобро е ако се користи во сува состојба, затоа што тогаш организмот најдобро го искористува. Не е препорачливо да се користи свеж квасец, поради тоа што може да доведе до непријатно надувување и запек.

Во квасецот се содржат и бројни важни минерали, како што се магнезиумот, цинкот, железото и селенот. Овие минерали ја хранат кожата и спречуваат да се појават стрии по зголемување на телесната тежина и ширењето на кожата. Витамините и минералите, пак, здружени заедно, исто така ги јакнат коските.

Како да се користи пивскиот квасец?

Ако се одлучите за квасец во прав, тогаш најдобро е да се додава во салати, чаеви и млеко, бидејќи така нема да загуби од неговата вредност и нутритивен карактер и полесно ќе може да се свари.

Колку долго треба да се користи?

Препорачливо е пивскиот квасец да се пие еден месец, бидејќи тоа се смета за доволен период за да се видат посакуваните резултати од него. Потоа можете да го консумирате повторно, но тогаш треба да се направи пауза од неколку месеци и плус уште еден месец да се користи. Овие се препораки кои генерално важат, но секако потребна е претходна консултација со својот доктор.

За крај, треба да се има на ум дека пивскиот квасец не е семоќен и дека покрај неговото користење треба да се прилагоди и исхраната на процесот на дебелеење на здрав начин и да се има одредена физичка активност и генерално здрав начин на живот, доколку се сака да се постигнат долготрајни рзултати. Слабите луѓе се жалат на лош апетит, а една од неговите главни причини се цигарите и кафето. Така, доколку е пушач оној кој сака да се здебели, ќе треба да престане да пуши. Исто така, појадокот не смее да се прескокнува и треба да биде обилен. Обилна треба да биде и вечерата – со изобилство јагленохидрати, како што се леб, слатки, компири, тестенини или ориз. И внесувањето на доволно течности во организмот помага во дебелеењето. Најдобро е да се пие по еден литар млеко на ден. Млекото содржи протеини кои се најважни елементи во градењето на мускулните ткива. Тие се делат на оние од растително потекло, како сојата, гравот и леќта, и оние од животинско потекло – месо, јајца и млеко.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина