Маската од квасец може да ја трансформира кожата на лицето на чудесен начин. Со сигурност можеме да ја наречеме подмладувачка, а сето тоа благодарение на високата содржина на витамините Ц, Б и ПП во него. Овие витамини, во комбинација со други супстанции (аминокиселини, ензими и минерали) не само што ја прават кожата мазна и го изедначуваат тенот, туку и даваат исто така на кожата и убава кадифеност. Во продолжение погледнете кои се најдобрите маски од квасец. За нивна подготовка треба да се користи свеж квасец, никако сув.

 

Маска од квасец за чистење на кожата на лицето

 

Наједноставна, но многу ефикасна маска за чистење на лицето од мозолки и митисери се подготвува на следниов начин: помала количина на квасец се раствора во топла вода, за да се добие хомогена смеса. Веднаш се нанесува на исчистено лице и се остава целосно да се исуши на него. Потоа се мие со студена вода.

 

Хранлива маска од квасец за сува кожа на лицето

 

1 кафена лажичка мед и 1 супена лажица брашно добро се мешаат со 20 гр. квасец. Се разблажува со топло млеко и се меша да се добие хомогена смеса. Таквата смеса потоа се нанесува на лицето и се остава да стои 20 минути. По ова време се измива со топла вода.

 

Маска од квасец за масна кожа на лицето

 

За оваа маска потребен е кефир (или јогурт) и 20 гр. квасец. Маската се разблажува додека не се добие конистенција на ретка павлака и се нанесува на исчистено лице. По 20 минути, маската се засушува. Потоа се мие лицето со топла вода.

 

Маска од квасец за нормална кожа на лицето

 

Се меша 30 гр. квасец со 2 супени лажици топло млеко. Смесата се нанесува на исчистено лице и се остава 15 минути. По ова време се измива со топла вода.

 

 

 

Избелувачка маска од квасец

 

Оваа маска не само што добро ја избелува кожата, туку истовремено и ја храни. Се земаат 20 гр. квасец и се меша со 2 кафени лажици лимонов сок. Може да се стави сок од грејпфрут или црвена рибизла. Потоа, откако ќе ги измешаме состојките, садот во кој се наоѓа го ставаме во друг сад во кој има топла вода и се остава на 2-3 минути. Оваа маска се нанесува на лицето и на вратот и се остава 20 минути. По ова време се мие со топла вода, а потоа на лицето се нанесува хидратантен крем.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина