Младите се стремат кон големи нешта и признанија, драматични пресврти и доживувања, како што се патувања и вљубувања, бидејќи од нив го градат својот идентитет. Тоа не им е потребно на старите, па така тие се во состојба да уживаат во малите нешта. Не старееме со годините, туку со искуствата, но погрешно веруваме дека животот се влошува како што се нижат годините а тоа го потврдува и науката:

1. Среќата е на највисоко ниво во 60-те

Според истражувањата, луѓето го постигнуваат својот врв на среќа два пати во животот. Првиот пат е на 23-годишна возраст, а вториот пат на 69 години. По раните 20-ти, нивото на среќа кое го чувствува еден поединец опаѓа со годините, се намалува се до 50-годишна возраст и тогаш повторно расте. Така, оние кои имаат 80 години се позадоволни од оние ки имаат 18 години, пишува Хафингтон пост, кој за тоа има подготвено шест научни докази дека како што минува времето, така стануваме се посреќни.

2. Погрешно се плашиме од стареењето

Според меѓународната Галуп студија за среќата, чувството на среќа и задоволство секогаш се движи по крива линија. Кажано накусо, постабилното време на среќа и стабилност започнува во 50-те години, по преживувањето на т.н. криза на средни години. Тој феномен не се однесува само на западните општества, туку е присутен и во сите култури. Така, човековото општество погрешно се плаши од стареењето.

3. Младоста не е синоним за среќа

Луѓето сметаат дека луѓето се најсреќни во младоста, иако науката го има докажано токму спротивното. Според студијата направена на Универзитетот Дјук, претпоставките за миговите на најголема среќа во животот во голема мерка влијае врз луѓето. Ако младите мислат дека средното доба ќе им донесе несреќа, најверојатно и лошо ќе одлучуваат, што ќе има лоша последица во иднината. Исто така, постојаното присетување и претерување во врска со чувството на среќа во младоста носи носталгија која растажува во старо доба.

4. Со годините повеќе се ценат малите нешта

Не не усреќуваат истите нешта во текот на целиот живот, велат научниците од Универзитетот Браун. Младите тежнеат за големи нешта и признанија, драматични пресврти и доживувања, како што се патувањата и вљубувањата, бидејќи со нив го градат својот идентитет. Тоа не им е потребно на старите, па тие се во состојба повеќе да уживаат во малите нешта.

5. Остварените цели носат задоволство

Генерално, луѓето се посреќни откако ќе остварат некои од најголемите животни цели кои си ги задале на себе, како што се, на пример, посакуваното вработување, формирањето семејство, градењето дом и слични нешта. Колку повеќе некој ќе оствари цели, толку поголемо е неговото чувство на самодостигување, а тоа здраво чувство на самодоверба раѓа позитивен став и среќа во животот.

6. Колку сме постари, толку полесно се прифаќаме себеси

Иако среќата во постаро доба зависи од околностите, здравјето и животниот пат, секој човек нужно ги прифаќа своите маани и доблести повеќе откако ќе созрее и откако ќе го збогати својот живот со искуство. Така, науката ја потврдува познатата мисла на БудаМирот и среќата доаѓаат одвнатре, нема смисла да се бараат надвор“.

Психологот Кен Еисолд објаснува дека како што минуваат годините, луѓето се помалку имаат потреба да станат она што мислат дека треба да бидат, туку само се тоа што се и го прифаќаат тоа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина