vezbanje-naslovna

Доколку сте една од оние личности кои не го сакаат одењето во теретана, тогаш сигурно барате други алтернативи за да ја одржите вашата линија или пак да изгубите неколку килограми. Постојат и многу други, подобри и поугодни атернативи од вежбањето во теретана. Откријте подолу кои се тие.

1.Пливање

Еден од најдобрите начини за губење од телесната тежина е пливањето. Освен што има благотворен ефект врз сите мускули од телото, многу е добро и за губењето на тежината. Ја подобрува силата и издржливоста и не ги оптоварува зглобовите, како што е тоа случај кај некои други вежби. Ако имате проблеми со вкочанети мускули или болки во зглобовите, пливањето е идеалната вежба за вас. Вклучете го во вашата секојдневна рутина и наскоро ќе ги забележите резултатите.

2. Возење велосипед

Возењето велосипед е еден од совршените начини за рекреација, а жените особено го сакаат. Тоа е еден многу лесен начин за губење на тежина и обликување на телото. Освен што служи како превозно средство, велосипедот е одличен начин за согорување калории, а најдобро од се е што можете да уживате во прекрасната природа. Возете велосипед секој ден, ако сакате да ја подобрите својата кондиција и што побрзо да ги забележите резултатите. Редовното возење велосипед ќе ги обликува вашиот задник и нозе, возењето велосипед е одлично и за здравјето на срцето.

naslovna

3. Танцување

Најзабавниот начин за губење на килограмите е танцувањето . Можете да танцувате во приватноста на вашиот дом, а ако сакате да бидете опкружени со луѓе, тогаш може да се запишете во студио за танц или некој рекреативен центар во близина на вашиот дом. Зумбата и танцот на шипка се моментално најпопуларните видови на танц за согорување калории кај жените, па вие одберете го она што најмногу ви одговара.

4. Јога

Ако се одлучите за јога, ќе бидете воодушевени. Се разбира дека малку ќе ви биде тешко на почетокот, додека малку се раздвижите и станете поподвижни . Одлично е тоа што јога можете да вежбате и сами, во својот дом. Но, добро би било прво да посетувате некој курс за да ги научите основите на јогата. После тоа, можете да ги правите асаните и во удобноста на вашиот дом. За придобивките од вежбањето јога многу се зборува , и тоа со причина. Јогата ви овозможува да станете свесни за самите себе, го подобрува дишењето и помага во намалувањето на килограмите. Со помош на јогата, ќе го раздвижите целото тело и сите зглобови , а доколку освен истегнување и физичко раздвижување, во потрага сте и по подобра поврзаност меѓу умот и телото, јогата е идеалниот избор за вас.

5. Пилатес

Исто како и јогата, на часови по пилатес може да се запишете во многу рекреативни центри. Но, ако сте доволно вешти, можете да вежбате пилатес и во вашиот дом. Иако многумина често ги поврзуваат јогата и пилатесот, помеѓу овие две техники има значајни разлики. Точно е дека јогата ви помага да го обликувате телото, но таа е исто така и духовна вежба бидејќи се обидува да влијае врз човечката психа. Ви помага да го намалите стресот и напнатоста, за животната енергија да може слободно да струи низ вашето тело. Од друга страна, пилатесот е малку поразличен вид на вежбање кој ја користи отпорноста на телото за оформување на мускулите.

vezbanje_2

6. Боречки вештини

Доколку ви се допаѓаат боречките вештини и нив можете да ги изберете наместо фитнес салата. Претставуваат одличен начин за согорување калории, а денес постојат навистина многу боречки вештини и можете да ја изберете онаа која најмногу ви одговара. Постојат најразлични боречки вештини од целиот свет, а теквондо, карате или кунг фу се само некои од нив. Боречките вештини се одличен начин и за намалување на стресот и подобрување на рефлексите, а помагаат и за губење на тежината. Практикувањето на боречките вештини ви помага да ги оформите мускулите, со што се влијае и на метаболизмот, што ви го олеснува согорувањето на калории.

7. Вежбање дома

И сопствениот дом можете да го претворите во сала за важбање. Создадете свој мал агол за вежбање и преземете акција. Многу од горенаведените вежби можете да ги направите и дома, се што ви треба е малку мотивација и вложување труд.

А, која од наведениве активности вам најмногу ви се допаѓа?