Летото е пред нас и секој маж сака да изгледа импресивно и да ги покаже своите големи и силни раце. Поради тоа пред летото во теретана најмногу прават вежби кои ги зголемуваат рацете. Вежбите за бицепсите се секако неизбежни, додека оние за трицепсите помалку се прават.

 

Се работи за вежбата “потисок од чело”, која популарно уште се нарекува и Skull Crusher. Оваа вежба е многу опасна, бидејќи може да предизвика повреди ако се прави неправилно, а ако тегот ви падне на глава, повредите можат да бидат уште посериозни.

Поради тоа ви советуваме оваа вежба да ја правите на под, а не на бенч клупа, како што е тоа обично правило.

 

Вежбата правете ја на следниов начин:

 

За почеток, започнете со полесни тренинзи, па постепено зголемувајте ги. Како и кај тесниот бенч, зафатот на шипката треба да биде што повеќе потесен, па трудете се рацете да ви бидат потесно поставени од ширината на рамењата. Почнете со испружени раце и полека спуштајте ја ЕЗ шипката кон челото. Лесно подигајте ја и спуштајте ја шипката, а кога ќе се заморите, само потпрете ја на подот. Тоа ќе спречи да се повредите и ќе ви овозможи да извлечете максимум од оваа вежба. Оваа вежба максимално ги оптоварува трицепсите, па по неа треба задолжително добро да се одморите, за мускулите да ви се одморат и закрепнат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина