Тешките и по малку здодевни стомачни од сега можат да останат во минатото и да се заменат во целост со многу позабавна рекреација од која полза нема да имаат само стомачните мускули, туку и остатокот од телото. Светот на фитнесот моментално е збудален по прескокнувањето јаже.

При прескокнување на јаже се случуваат одеднаш неколку нешта – работат рефлексите, потоа тука е координацијата, времето, кардио, брзината, експлозивноста и брзи измени. Ова е единствена телесна вежба која може да се изведува на исто ниво како и професионалните спортисти и од неа да се има подеднаква полза. Слично нешто е и со трчањето, иако малку помала предност му се дава на прескокнувањето на јаже.

Прескокнувањето јаже е поефикасно од трчањето. Согорува повеќе калории, ги активира сите мускулни групи, го стимулира мозокот и излачувањето на ендорфин и на крајот го дава она совршено чувство на достигнување. Уште една предност е сето ова може да се добие за третина од времто од која било друга вежба.

Со оваа вежба се јакнат срцето, рамењата, рацете, градите, потколениците и секако, целиот среден дел од телото. А првите резултати се видливи токму на стомачните мускули.

За почеток, прескокнувањето јаже најдобро е да се комбинира со фитнес. Се препорачуваат по 10 прескокнувања, па десет секунди пауза, и така се до крај на траењето на вашата омилена песна, или од 3-4 минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина