Лошата страна на топлото време, кое желно го исчекуваме, се секако вирусните стомачни инфекции проследени со непријатна диареа и повраќања. Воглавно се знаат природните лекови за спречување на диареа, но може и да се потсетиме на нив.

1.Редовно надополнувајте ги загубените течности и електролити, кои вклучуваат содиум, потасиум и хлорид.

2.Најдобриот начин за надоместување на загубените електролити е ако во еден литар вода ставете половина лажичка сол и четири лажички шеќер. Додате малку лимонов сок или сок од портокал и испијте ја сета количина во текот на денот.

3.Што се однесува до исхраната, би било добро да внимавате некое време, да јадете пилешка супа, двопек, банани, ориз сварен во вода. Бананите содржат пектин, видови влакна кои ја впиваат вишокот на течност во цревата и ја намалуваат зачестеноста на диареата.

4.Уште една намирница која е богата со пектин се морковите. Варете ги додека не омекнат, потоа измешајте ги со малку вода и измиксајте ги за да добиете конзистентна храна за бебиња и јадете четвртина шолја на секој час.

5.Јогуротт е исто така многу добар против диареа, бидејќи е преполн со добри бактерии.

6.Од чаевите кои ја спречуваат диареата тука се: црниот чај и чајот од лист на капини или дуњи, кои се пијат исклучиво незасладени.

7.За време на стомачни инфекции одбегнувајте овошни сокови и тешко сварливи намирници, како што се гравот, зелката и прокељот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина