Состојки:

 

  • 2-3 модри домати, малку поголеми
  • 1 средно голема главица кромид
  • 2 средно големи моркови
  • малку магдонос
  • грст овесни или соини снегулки
  • зачин
  • малку црн пипер
  • 2-3 лажици павлака
  • 2 јајца
  • малку јогурт
Подготовка:
  • Модрите домати исечете ги на тенки парчиња по должината и пропржете ги на тефлонска сува тава. Пред тоа оставете ги да отстојат малку насолени за да ја испуштат водата од себе. Исцедете ги пред пржењето.
  • Кромидот исечкајте го ситно, изрендајте ги морковите и исечете го ситно магдоносот
  • Додајте им ги зачинот, црниот пипер, масло по вкус, малку вода и динстајте ги некое време.
  • Потоа додадете ги снегулките, кои претходно ќе ги потопите во вода и ќе ги исцедите.
  • Малку намрсете го дното на огноотпорен сад и редете ред домати, ред динстан зеленчук со снегулки и зачини. Важно е во зеленчукот да не остане многу течност, бидејќи доматите ќе пуштат малку за време на печењето.
  • Печете во поклопен сад на 180-200 степени.
  • Пред крај на печењето прелијте со павлаката и јајцата и печете уште малку.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина