Kако протеините можат да помогнат во губењето на килограмите?
Протеините се најважниот нутритиент за губење на телесната тежина и за подобар изглед на телото. Високиот внос на протеините го засилува метаболизмот, го намалува апетитот, помага да се загуби телесната тежина и да се намалат наслагите околу стомакот.
Дали сте знаеле дека телесната тежина активно го регулира вашиот мозок, посебнo делот наречен хипоталамус? За вашиот мозок да одреди кога и колку треба да изедете, тој процесира повеќе видови информации, a некои од најважните сигнали во мозокот се токму хормоните кои се појавуваат како одговор на чувството на глад. Поголемиот внос на протеини всушност го зголемува нивото на хормони кои го намалуваат апетитот, a истовремено го намалува и нивото на хормоните на гладот.
Со замена на јагленохидратите и маснотиите со протеини се намалува и хормонот на глад и така се постигнува губење на вишокот килограми. Една од најголемите причини зошто на многумина не им успева да се држат до планот на исхрана при процесот на слабеење е ноќното грицкање во доцните вечерни часови. Не заборавајте дека и тие калории се додаваат врз сите оние кои сте ги изеле во текот на денот и би било добро да ги избегнувате. Интересно е тоа што белковините можат особено многу да влијаат врз копнежот и желбата за ноќни грицки. Исто така, имајте на ум дека губењето на тежината не е секогаш еднаква на губењето на масти, бидејќи кога ќе се губат килограмите, масата на мускули исто така се намалува. Меѓутоа, она што навистина сакате да го загубите е телесната маснотија, поткожната маснотија (под кожата) и висцералната маснотија (околу органите).
Губењето на мускулите е нус-појава од губење на тежината која повеќето луѓе сакаат да ја избегнат додека другата нус-појава од губењето тежина е бавниот метаболизам.
Како да се одбегне губењето на мускулите и да се задржи правилната работа на метаболизмот?
За успешно да може да се одбегне губењето на мускулите и да се задржи правилната работа на метаболизмот, потребно е да се консумираат повеќе протеини. Тие можат да го намалат гладот и да го поттикнат метаболизмот, но нема да се загуби од тежината ако не се консумираат помалку калории одошто се трошат, а поради тоа исхраната треба да се базира на разновидна храна и активен жив