Планиката или јагодникот (лат. Arbutus unedo) е зимзелена грмушка од семејството Ericaceaea. Има просечен раст помеѓу 5 и 10 метри. Нејзиното живеалиште се протега ширум Медитеранот, се до Ирска и Англија, Микронезија, па дури и потоплите делови од Азија. Планиката е специфично растение која се одликува со долга фаза на цветање и формирање на плодот. Нејзиниот самоопрашувачки двополен цвет цвета помеѓу октомври и декември, истовремено со подоцнежна фаза на зреење на црвените плодови. Кажано поинаку, потребна е дури цела година за да се формира и да созрее во целост плодот т.е. до фазата погодна за јадење. Од растението традиционално се користи и сочниот плод и листот, било да се работи за гастрономска или за медицинска употреба. Планиката традиционално се бере на Медитеранот уште од времето на античка Грција, а нејзиниот нутритивен потенцијал дошол до израз дури во последните две децении. Една шпанска студија извршена во 2011 година ги има истражено главните нутритивни состојки на плодот. Резултатите откриле дека плодовите се многу богати со витамин Ц, влакна, микро и макроелементи и антиоксиданси. Но, содржат уште и: пектин, шеќер (најмногу фруктоза и гликоза, а најмалку сукроза), мала количина протеини, мала количина липиди, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, цинк и бакар.

Важно е да се нагласи дека плодот на планиката нема вкус кој им е привлечен на сите. Причината за специфичниот вкус се наоѓа во високата концентрација на шеќер, примарна фруктоза, поради која поседува интересна комбинација вкус на слатко и кисело. Препорачливо е да се консумира исклучиво во последниот дел од зреењето, кога неговата боја минува во темноцрвена и кога е меко на допир. Нутриентот кој планиката најмногу го содржи е витаминот Ц. 50 гр. од плодот ја исполнува препорачаната дневна доза за возрасните. Растението е одличен извор и на диетални влакна. 100 гр. од плодот содржи 40% од дневната потреба за влакна кај мажите и 60% кај жените.

Лековитите својства на планика

Планиката се користи за лекување на многу здравствени тегоби и проблеми, меѓу кои се следниве: против грчеви, како антисептик, диуретик, лаксатив, за намалување притисок, за болно грло, против афти, кај кожни воспаленија, кај кардиоваскуларни болести (како тромбоза и артериосклероза), при вируси и бактерии. Чајот од листот на планиката се користи при шеќерна болест, тегоби со простатата и уринарните патишта и при ревматизам. Ефикасноста на планиката како квалитетно антихиперинтензивно средство е потврдена и со научни истражувања.
Две турски истражувања покажале дека планиката има силни антиоксидативни својства, а и способност за лекување на полово преносливи болести предизвикани од бактеријата Trichomonas vaginalis.
Внимавајте само со дозирањето, бидејќи прекумерното внесување може да предизвика мачнини, повраќање, проливи и губење апетит.

Одгледување

Одгледувањето на планиката е едноставно, што на крај резултира со изобилство од плодови и со убави бели цветови кои пленат со своето внимание. Одлично поднесува суво тло и расте и во сончеви и во засенчени места. Во Португалија од ова овошје се подготвува националниот пијалок Медронхо, сладок ликер, додека во Грција плодот се додава во алкохолниот пијалок Ципоро. А, во козметиката плодовите најчесто се користат при подготовки на креми за лице, со цел отстранување или намалување на кафеавите пеги како и за отстранување на брчки. Во древни времиња, од планиката се подготвувала тинктура за која се сметало дека може да излекува дури и колера. Тинктурата има повеќе корисни употреби, меѓу кои и за воспаление на грло, поради тоа што има антимикробно делување. Помага и при проблеми со варењето, инфекции на мокрачниот меур и за исфрлање вишок на водата од организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина