Мироринг (анг. mirroring) претставува имитирање на партнерот. Стручњаците велат дека има големо влијание во животот на еден пар. Тоа во превод значи ,,ефект на камелеон,, или имитирање на говорот на телото или тонот на гласот на партнерот/партнерката.

 

Зошто треба да се прави мироринг?

 

Со усвојување на истиот став, гестикулации и интонации научно е докажано дека може да се изгради врска со некоја личност. Всушност, можеби веќе се имате сретнато со ова на работа – тоа е техниката на добрата продажба. Но, кога станува збор за врска, ,,мирорингот,, може да ја зајакне врската помеѓу двајца луѓе, така што ќе му помогне на едниот партнер да се чувствува поврзано со другиот, како и дека овој му е поддршка.

 

Како може да се испроба оваа техника?

 

Кога следниот пат ќе разговарате со вашиот партнер/партнерка, обидете се лесно и речиси незабележливо да го имитирате неговиот/нејзиниот говор на тело. Обратете внимание на суптилноста која е многу важна овде – бидејќи никој не сака кога некој го имитира. Прекрстување на нозете и малку навалување на главата? Звучи како добар почеток за ,,синхронизација,, со партнерот/партнерката.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина