Жабуркањето масла, древен третман кој се векови се практикува за детоксикација на организмот е повеќе од едноставен за спроведување и не е ни малку непријатен, а спектарот на неговото делување е навистина широк.

 

Во изминативе години, доктор Карачи, кој го истржувал овој третман, објавил извештај за овој лек, кој оди во прилог на неговата ефикасност и кога се работи за целосна детоксикација на организмот. Масла кои најчесто се користат за овој третман се сусамовото, кокосовото, шафрановото, маслиновото и сончогледовото.

 

Третманот на жабуркање се спроведува многу едноставно и токму како што самото име му кажува. Треба да се жабурка одредена количина масло во устата дваесеттина минути, еднаш дневно. Ако имате проблеми со забите и непцата, неколку капки масло од оригано можете да додадете во основното масло по избор за да се ослободите од овој проблем. Кога бирате масла за жабуркање треба да гледате тие да бидат органски, бидејќи стандардните кои ги користиме во кујна обично се преработени и содржат ГМО.

 

Жабуркањето масла е сосема безбеден третман и може да се практикува и до три пати дневно, во зависност од вашите потреби. На почетокот може ќе ви биде тешко да жабуркате масло цели 20 минути, но со тек на време како ќе се навикнувате така ќе ви станува полесно.

 

При жабуркање масло, не треба да голтате, затоа што при жабуркањето тоа апсорбира разни видови бактерии и отрови од организмот. По жабуркањето плукнете и измијте ја устата. Некои сакаат да ги менуваат видовите на масла кои ги жабуркаат, додека некои имаат еден фаворит на масло – треба да се каже дека и во обата случаи ефектот е ист. По жабуркањето измијте ги забите, но по можност со органска паста за заби, која не содржи флуор.

 

За што се ни помага жабуркањето масла?

 

Овој третман се има покажао како многу ефикасен во лекувањето на болестите на устата и непцата, укочени зглобови, алергии, несоница, астма, зголемен крвен притисок, мигрена, бронхитис, варикозни вени, запек, канцерогени заболувања, хронични инфекции, симптоми на менопауза, па дури и детска парализа.

 

Како детоксификациски лек, со жабуркањето не само што ги отстрануваме тешките метали и другите отрови од организмот, туку и го подобруваме и оралното здравје, ги избелуваме забите и ги оддржуваме непцата здрави. Покрај тоа, жабуркањето ни помага полесно да почнеме со диета за губење на килограмите.

 

Доктор Карачи открил дека овој третман го подига нивото на енергија во организмот, ги подобрува меморијата и спиењето, а може да се користи и за олеснување на симптоми на артритис и за прочистување на крвта.

 

Тој исто така окрил дека опасните бактерии кои се кријат во устата можат целосно да се отстранат со жабуркањето масла, а повеќето од оние кои го практикуваат овој третман ова е најважната причина поради која го прават тоа. Ако спречиме бактериите кои се кријат во устата да се прошират низ организмот, автоматски ќе си го подобриме здравјето.

 

 

Најдобро време за жабуркање масла

 

Според некои книги од ајурведската медицина, жабуркањето масла најдобро е да се направи веднаш по будењето, пред да се напиете или да јадете, иако како ефикасно се има покажано и жабуркањето масло пред легнување.

 

Некои од промените кои притоа настануваат се вишок на енергија, подобрена дигестија и намалена потреба за нездрава храна и тутун.

 

Според ајурведа, најдобро масло за жабуркање е дефинитивно сусамовото, но секако можете да пробате и некое од претходно наведените.

 

Овој е еден од едноставните и евтини третмани од кој ќе имате повеќекратна полза.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина