Диетата без маснотии го зголемува ризикот од рана смрт, покажала најновата студија. Огромното истражување извршено над 135.000 возрасни, во 18 земји, укажува дека оние луѓе кои не јадат путер, сирење и месо живејат покусо. Имено, најчеста замена во нивното мени се оризот, тестенините и лебот, а тоа е најнездрава исхрана. Многу јагленохидрати го подигаат ризикот од прерана смрт за 28%

 

Недостатокот на заситени масти во исхраната предизвикува рана смртност во 13% од примерите, така што барем 35% од калориите треба да потекнуваат од масната храна.

 

Постојат три периоди во денот кога сме ,,најслаби,, и најсклони по калорични грицки, што ќе ги наруши сите претходни напори за оддржување на здравата тежина. Ако се обидете да загубите некој килограм вишок, внимавајте на трите периоди во денот кога сте најсклони да попуштите и да посегнете по грицки. Според најновото истражување, тоа се овие часови и минути во денот – 11.0о, 15.00 i 21.30 – познати како “snack o’ clock” (време за грицкање). Во овие три периоди може да внесе и до 750 калории повеќе отколку што сте планирале, што може да ви го уништи сиот вложен напор да ослабнете.

 

Ли Смит, кој го порачал ова истражување, вели дека овие три периоди во денот се токму оние кога сме најслаби и најсклони кон кршење на правилата на исхрана.

 

Тој вака го објаснува тоа:

 

11.00 часот – Прескокнувањето на појадокот е голема грешка ако се работи за диета и токму тоа е причината зошто 11.00 е првиот најопасен дел од денот за диетата.

 

15.00 часот – Тука стресот е главниот виновник за ,,попуштање на сопирачките,, и средината од попладнето е време кога многумина од вработените посегнуваат по грицки, кои брзо ќе им ја вратат енергијата, а тоа често се слатки.

 

21.30 часот – Вечерта е опасен период, бидејќи тогаш сме најсклони да јадење масни грицки пред телевизорот.

 

Со ова истражување било докажано и дека некои напитоци, пецива и слатки содржат голем број шеќери и дека во наведените часови треба да се одбегнуваат местата каде ги има истите, за да не не ставаат во искушение.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина