Точно е дека ручекот мора да биде обилен и да содржи намирници од различни категории, но појадокот е тој со кој го започнуваме денот и храната не смее да го расипе. Тој ни дава енергија во текот на денот за да можеме да ги извршуваме секојдневните обврски. Затоа, обратете внимание на следниве намирници кои ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не смеат да се најдат на вашата чинија за појадок.

 

 

Цитруси – овошје

 

Портокалот, грејпфрутот и лимонот се надалеку познати по нивните хранливи и здрави материи, но и поради изобилството на витаминот Ц. Како и да е, тие не се добар избор за појадок поради киселината која ја содржат во себе, а која може да предизвика желудочна киселина и да ги зголеми шансите за гастритис.

 

 

Зачинета храна

 

Може да го иритира дигестивниот систем и да предизвика жиговина.

 

 

Банана

 

Ако наутро прво изедете банана, го зголемувате нивото на магнезиум во крвта, кој подоцна доведува до проблеми со срцето. Таа може да биде здрава ужина, но треба да се одбегнува на празен стомак.

 

 

Газирани пијалоци

 

Ако не е свежо подготвено смути или сок, не постои ништо што може да ја замени водата и газираните пијалоци треба дефинитивно да се одбегнуваат. Не само за појадок и ручек, туку генерално. Овие пијалоци само ќе ви го забават метаболизмот и ќе бидете надуени во текот на денот.

 

 

Зелен зеленчук

 

Тој е совршен избор за салата со ручекот, но тоа не важи за појадокот. Зелениот зеленчук има многу аминокиселини, кои можат да предизвикаат надуеност и желудочни киселини. Ако почувствувате болка во стомакот, избалансирајте го  консумирањето на овој зеленчук, бидејќи само ќе ви го изиритира стомакот ако го јадете на празен стомак.

 

 

Домати

 

Доматите можат да се вбројат во истата група како и зелениот зеленчук и се консумираат само за ручек, бидејќи во спротивно предизвикува желудочни киселини.

 

 

Круши

 

Крушите се едно многу здраво овошје, но се се добар избор за појадокот. Покрај изобилството на сирови влакна, може да ја оштети слузницата и да предизвика чудно чувство во стомакот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина