Измислени се пилули од кои се станува попаметен
Веројатно ви се случило некогаш во животот да не можете да се сетите на ништо или нешто потешко да помните. А токму тоа ве наведува да помислите дека паметот и не ви е јака страна. Доколку некогаш сте се запрашале дали постои лек кој може да ве направи поинтелигентни и да ја поттикне концентрацијата, пронајдено е решение и за тоа. Иако на почетокот бил направен само за оние кои патат од несоница, многу брзо лекот бил модифициран и почнал да се користи за когнитивни способности. Веќе сега тој е најомилен меѓу студентите кои го користат за време на испити и има и тоа како видливи резултати. Но, модафинилот не е првиот ,,паметен лек,, но е еден од легалните.
Мета-анализата на овој лек ја има правено тим од Оксфорд Ууниверзитетот и медицинската школа од Харвард. Еве што покажало ова истражување.
Истражувачите од студијата потврдиле дека овој лек ги подобрува когнитивните способности, па го испитувале во области како што се планирање и носење одлуки, флексибилност, учење и меморија, како и креативност. Најзначајниот напредок е регистриран во донесувањето на одлуки, додека најмалиот бил во флексибилноста. Она што е многу важно е тоа дека 70% од студијата пријавиле малку или дури никакви нус-појави. Меѓутоа, некои пријавиле дека кај одделни испитаници – учесници во истражувањето се појавиле вртоглавици, главоболки и мачнини, за кои истражувачите нагласуваат дека се забележани ви плацебо групата. И покрај тоа истражувачите се решителни да го обележат модафинилот како прв светски лек за помнење.